Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Спречени обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Спречени обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока
ХРОНИКА

Спречени обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока

Објавено November 7, 2024 10:38
Сподели
Сподели

Царински службеници и мобилни тимови во текот на изминатите денови спречија обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока, кабли за електрична инсталација и друга стока, а до едно лице е поведена и прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило.

616 стоматолошки инструменти и четири килограми порцелански прав и основен порцелан за стоматологија, се откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на куфери во сопственост на турски државјанин кој допатувал со лет од Измир. Откако при рентгенска контрола на куферите на патникот биле забележани неправилности, била извршена детална контрола при што биле пронајдени непријавените производи. Истите се привремено задржани а против патникот е поведена прекршочна постапка.

Царински службеници на царинска испостава Меѓународен аеродром Скопје, спречија шверц на 9 кутии импланти за гради кои патник, државјанин на Австрија, сакал да ги внесе во државава без да ги пријави. При контрола на патникот, во багажот, во еден од куферите, се откриени непријавените импланти, за која патникот не поседувал ниту дозвола за увоз за таков вид на стока од надлежна институција. Против патникот е поднесена соодветна пријава, а имплантите се запленети.

Спречено криумчарење на 96 штеки цигари што по воздушен сообраќај македонски државјанин сакал да ги внесе во Лондон. Царински службеници на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферот во сопственост на патникот ја пронашле непријавената акцизна стока. Штеките цигари се запленети, а против патникот е поднесена соодветна пријава.

33 штеки цигари без акцизни маркички, се запленети и при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Штеките цигари се пронајдени во фрижидерот во кабината на камионот, во кеса сместена над резервоарот и во надворешна преграда на влекачот.

Во два случаи мобилни тимови при контрола на стока пријавена за увозно царинење наменета за увозници од Скопје открија поголема количина играчки со ознаки на заштитени трговски марки (вкупно 246). Производите се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и истовремено е започната постапка за утврдување на нивната оригиналност. Вредноста на задржаните производи, доколку би се продавале како оригинални, е проценета на околу 759 илјади денари.

Мобилен тим при контрола на камион пријавен како празен на граничен премин Блаце открија 180 метри кабел за електрична инсталација. Непријавената стока била откриена во камион со косовски регистарски таблички управуван од македонски државјанин. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка. На влез на граничниот премин Блаце мобилен тим при контрола на автомобил откри и непријавени 114 кутии со термоси за вода. Термосите требало да завршат на македонскиот пазар.

До македонски државјанин е поведена прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило.

Имено царински службеници при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Делчево, откриле комплет бугарски регистарски таблички и сообраќајна дозвола. Возачот изјавил дека истите се од возило кое го расходувал во Бугарија, но, согласно евиденцијата за влез и излез на возила на Министерството за внатрешни работи, е констатирано дека возилото имало остварено влез во државата во 2019 година, а потоа не е евидентирано на излез од државата. Поради сомневање дека возилото било пуштено во слободен промет без претходно да биде оцаринето и платени увозни давачки, против сопственикот е поведена прекршочна постапка до надлежен суд.

52 комплети од рачен часовник и бижутерија обетки, прстен и синџирче, се запленети откако истите се откриени при контрола на автобус со македонски регистарски таблички кој сообраќал на редовната линија Сплит – Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените производи, сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот, биле пронајдени во ранец и две најлонски кеси сместени во просторот за багаж на автобусот. Против патникот е поведена соодветна постапка.

Царински службеници на граничен премин Дојран запленија 4.320 парчиња реквизити за маскенбал поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Вредноста на задржаните производи, доколку би се продавале како оригинални, е проценета на околу 259 илјади денари. Започната постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Народна банка: Економскиот раст 2,3 отсто, инфлацијата 3,5 проценти
Следна Статија „Македоина Делије Радовиш“, го утнаа името на земјата од каде доаѓаат | ФОТО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Mеѓународна потерница по Груби и Бајрами

По донесените решенија на Основниот кривичен суд Скопје со кое е определен притвор за двајца осомничени во истрагата за проневера…

December 17, 2024
ХРОНИКА

МВР со детали за пожарот во Злокуќани: опожарени шест куќи, малолетник е повреден, а неколкумина побарале лекарска помош поради вдишување чад

Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Скупи“ во Скопје настанал пожар во кој биле…

July 14, 2025
ХРОНИКА

Разбиена мрежа од 50-на лица: Обемна акција на БЈБ за корупција во здравствениот систем, преку лажни дијагнози овозможувале туѓа нега и инвалидски пензии

Обемна полициска операција спроведува БЈБ при МВР на територија на повеќе градови низ Македонија насочена кон сузбивање на организиран криминал…

April 23, 2025
ХРОНИКА

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици, откако Врховен ја укина претходната второстепена одлука

Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Васил Јованов и повторно го осуди на единствена казна затвор …

July 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?