Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија
БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија

Објавено September 26, 2024 15:41
Сподели
Сподели

Овој трошок за граѓаните на Србија, но и за државјаните на останатите членки на ЦЕФТА договорот, треба да се укине, вели за Курир, Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА воБрисел.

Србија ја искористи својата улога на претседавач со ЦЕФТА, која ја сочинуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија и Црна Гора и кога ќе биде усвоен овој предлог, тоа ќе биде голем успех на српското претседателство.

Поседувањето на зелен картон за осигурување е денес задолжително при влез и на територијата на Русија, Белорусија, Украина, Турција, Израел, Иран, Тунис и Мароко.

Нашиот план е во наредните две години да го отстраниме административниот трошок за зелениот картон во регионот, кој го имаат сите наши државјани при влез на пример во Македонија. Иако веќе имаат платено осигурување за своето возило, сепак мораат да издвојат одредена сума. Притоа, не плаќате никакво осигурување, туку добивате потврда дека имате осигурување, истакнува Илиќ.

Илиќ објаснува дека, ако патувате на пример во Исланд преку Унгарија, никој нема да ви побара зелен картон, но ако сакате да одите на море во Грција, не можете да поминете низ Македонија без овој документ: Направивме план и го ставивме на маса. Се надеваме дека ќе биде усвоен. Дадовме рок од две години, но мислам дека може да се случи и порано. Во принцип, сѐ е договорено, а на претстојниот министерски состанок во декември сѐ треба да биде официјално потврдено. Сѐ започна во Софија во 2020 година, а укинувањето на зелениот картон не беше предлог на Секретаријатот, туку на една од владите на земјите-членки на ЦЕФТА.

Ние понатаму ја анализиравме состојбата и разговаравме со Европската асоцијација за осигурување на возила затоа како може да се реши овој проблем. Во Србија тоа е дел од регистрацијата, но не е така во сите земји. Има земји каде што регистрирано возило не значи автоматски и осигурено. Нивниот систем едноставно не функционира така, вели Илиќ.

Предлогот, како што тврди тој, е договорен во форма на препорака на Заедничкиот комитет на ЦЕФТА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ
Следна Статија Билатерална средба на министерот Панче Тошковски со унгарскиот колега Шандор Пинтер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бојан Маричиќ избран за нов претседател на ДИК

Собранието на денешната 83. седница, со 83 гласови „за“ го избра Бојан Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија (ДИК).…

January 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во време кога Скопје се дави во ѓубре, што сработи синот на Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги од Комунална хигиена?

Што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги кои ги добива од Комунална хигиена, во време…

June 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените на бакарот надминаа 13.000 долари

Цените на бакарот надминаа 13.000 долари за тон, достигнувајќи нов максимум откако црвениот метал се тргуваше на лондонската берза LME,…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонските мажи умираат пред жените, вели статистиката

Мажите во Македонија во просек умираат 4,4 години порано од жените, покажуваат најновите дефинитивни податоци на Државниот завод за статистика…

June 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?