Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Ле Риголер: Добрата капитализарност на банкарскиот систем овозможи забрзување на кредитниот раст
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Ле Риголер: Добрата капитализарност на банкарскиот систем овозможи забрзување на кредитниот раст
ЕКОНОМИЈА

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Ле Риголер: Добрата капитализарност на банкарскиот систем овозможи забрзување на кредитниот раст

Објавено January 27, 2025 22:48
Сподели
Сподели

Добрите политики на Народната банка имаат суштинско значење за стабилизирањето на инфлацијата и за одржувањето и зајакнувањето на финансиската стабилност, вклучително и денаризацијата, беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Француската Република во земјава, Кристоф ле Риголер.

Во изминатите години финансиската стабилност беше зајакната, што се согледува преку јакнењето на капиталот на банките коешто овозможи забрзување на кредитната активност. Имено, минатата година кредитната активност забрза искачувајќи се на околу 11%, од 5% во 2023 година, со што обезбеди значителна поддршка за стопанството и за граѓаните. Овој солиден кредитен раст беше поддржан и од солидниот раст на депозитите којшто достигна околу 12%. Притоа беше истакнато дека растот на денарските депозити е многу побрз од растот на девизните депозити, односно тие се зголемија за 22%, наспроти 5 % кај девизните депозити. Ова укажува на високо ниво на доверба во банкарскиот систем и политиките коишто ги води Народната банка.

На средбата стана збор и за сегашните макроекономски состојби и предизвици, при што беше забележано дека инфлацијата од високи 20% е сведена на 3,5%, сепак е потребно внимателно водење на макроекономските политики за нејзино одржливо стабилизирање на среден рок.

Гувернерката и амбасадорот искажаа заемно задоволство од спроведувањето на проектните активности на Народната банка со поддршка од ЕУ за усогласување со највисоките европски стандарди и регулативи и изразија цврсти заложби за продолжување и продлабочување на соработката во иднина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Христовски спроведе три сложени операции против сериозни терористички ќелии, неговата работа треба да се вреднува
Следна Статија Мицкоски: Агенцијата незаконски ме следела и злоупотребувала државни ресурси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Доделени наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба по повод Светскиот ден на штедењето

Во Народната банка се одржа традиционалната свеченост по повод доделувањето на наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба за…

December 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Финансии: Условите се транспарентно објавени за пласман на средствата од унгарскит заем за компаниите и нема ризик врз Буџетот

Средствата обезбедени од унгарскиот заем за поддршка на домашната економија, односно домашните компании се одвива врз основа на услови кои…

May 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Германија одби 18.000 работници од Западен Балкан

Миграцијата на работна сила во Германија е повеќе од двојно зголемена од 2020 година. Според Агенцијата за вработување, во јуни…

February 19, 2026
ЕКОНОМИЈА

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на министерката Димитриеска- Кочоска за Предлог -буџетот за 2025 година

Проследете ја прес – конференцијата на министерката за финансии, Гордана Димитриеска- Кочоска во Медија Центарот на Владата, посветена на Предлог…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?