Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба на министерот Борко Ристовски со претседателот на ФФМ: Фудбалот е јавен интерес и мора да помогнеме обезбедувајќи правичност и раст на сите нивоа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Средба на министерот Борко Ристовски со претседателот на ФФМ: Фудбалот е јавен интерес и мора да помогнеме обезбедувајќи правичност и раст на сите нивоа
СПОРТ

Средба на министерот Борко Ристовски со претседателот на ФФМ: Фудбалот е јавен интерес и мора да помогнеме обезбедувајќи правичност и раст на сите нивоа

Објавено January 29, 2025 15:06
Сподели
Сподели

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари средба со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на која се разговараше за иницијативата на двете институции насочена кон развој на македонскиот фудбал и на спортот воопшто.

Дискусијата на која присуствуваше и генералниот секретар на ФФМ, Дрилон Ганиу беше фокусирана на распределба на средствата од државниот буџет наменети за спортот, подобрување на инфраструктурата, инвестирање во програми од грасрут и националните натпреварувања.

Министерот за спорт, Борко Ристовски ја потврди заложбата за финансирање во фудбалот и упати порака за партнерски однос со ФФМ и поддршка на иницијативите на Федерацијата, нагласувајќи дека развојот на фудбалот се усогласува со националните спортски политики.

И министерот и претседателот на ФФМ ја истакнаа важноста на соработката во фокус на јавниот интерес. Се согласија со предлогот за подеднаква распределба на средствата од Министерството за спорт за клубовите кои ги исполнуваат условите за државна поддршка.

-Нашата заложба е да ја поддржиме Фудбалската федерација на Македонија. Фудбалот е јавен интерес и мора да помогнеме обезбедувајќи правичност и раст на сите нивоа, истакна министерот Ристовски.

На средбата се дискутираше и за плановите за подобрување на инфраструктурата на стадионите, подобрување на тренинг центрите и поддршка на младинските селекции.

-Ние сме луѓе од спортот и навистина не радува тоа што заедно со Министерството за спорт започнуваме новo ниво на соработка, професионализам и транспарентност. Ја цениме поддршката на Владата во создавањето услови за развој на спортот. Една од клучните работи за која се согласивме е распределбата на средствата од Министерството за спорт наменети за клубовите. Еднаквиот третман за сите е наш приоритет и тоа ќе го реализираме. Имаме јасна визија за вложување во фудбалот и спортот воопшто, а кога имате партнер кој точно ги знае потребите, тогаш е многу полесно, истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

На состанокот се зборуваше и за натпреварите од домашната лига, привлекување инвестиции и подобрување на севкупниот квалитет на македонскиот фудбал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангеловска-Бежоска: За да се искористат предностите од СЕПА, најважно е банките да се подготват оперативно
Следна Статија Сирија бара повлекување на израелската армија од демилитаризирана зона на Голанска Висорамнина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈАСПОРТ

Македонија загуби два поена од индексот на корупцијата во 2024 година, со 40 поени на 88-мо место во светот

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл за 2024 година покажува пад од два индексни поени на Македонија во…

February 11, 2025
СПОРТ

Фенербахче му врачи отказ на Жозе Мурињо

Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Фенербахче, потврди клубот. Одлуката е донесена откако турскиот гигант не успеа да се…

August 29, 2025

Лука Дончиќ заминува од натпреварот на Sixers поради болка во левата нога, ќе биде направена дополнителна дијагностика

Ѕвезда на кошаркарот трпи мускулна повреда која бара понатамошно испитување

February 7, 2026
СПОРТ

Фиорентина: Бове е свесен и дише без помош на апарат за кислород

По страшните сцени кои се случива вечерва на „Артемио Франки“ во Фиренца, кога колабираше фудбалерот на Фиорентина Едоардо Бове, се…

December 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?