Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба Николоски – Улусој: Турција останува значаен трговски партнер на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Средба Николоски – Улусој: Турција останува значаен трговски партнер на Македонија
МАКЕДОНИЈА

Средба Николоски – Улусој: Турција останува значаен трговски партнер на Македонија

Објавено December 17, 2024 18:00
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Турција, Фатих Улусој. На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Труција кои традиционалнo се пријателски и се значајни за двата народи, соопштија од Министерството за транспорт.

На средбата се разговарало и за актуелните состојби меѓу двете земји, традиционалното пријателство меѓу државите и силната соработка.

Вицепремиерот Николоски истакнал дека Турција е значаен трговски партнер на Македонија и во таа насока Владата во континуитет работи на унапредување на условите за инвестирање во земјата.

На средбата станало збор и за инвестициската програма на Владата во делот на капиталните проекти, а се отворило и прашањето за унапредување на соработката во делот на транспортниот сектор.

Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски изразил благодарност за досегашната подршка што ја овозможува Труција и ја нагласи потребата од интензивирање на меѓусебната соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ванделт: Не ни е познато дека некој од германските инвеститори планира кратење на работни места
Следна Статија Понајдени околу 5.500 парчиња пиротехника при претрес во Куманово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека во недела (19.01.) по повод верскиот празник Водици, Единицата за безбедност на…

January 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Целта ни е спомен-куќите на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, на Кочо Рацин и на Васил Главинов да бидат достапни за јавноста

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со директорот и стручен тим од Националниот конзерваторски центар, престојуваше во работна…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на дводневна посета на Обединетото Кралство на Самитот за Западен Балкан-Берлински процес

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација ќе присуствува на Самитот за Западен Балкан, кој оваа година се…

October 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес регистриран рано утрово во дел од Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Македонија, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Земјотресот…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?