Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба со висок претставник на Трезорот на САД: Народната банка има клучна улога во одржувањето на финансиската стабилност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Средба со висок претставник на Трезорот на САД: Народната банка има клучна улога во одржувањето на финансиската стабилност
ЕКОНОМИЈА

Средба со висок претставник на Трезорот на САД: Народната банка има клучна улога во одржувањето на финансиската стабилност

Објавено November 20, 2024 17:13
Сподели
Сподели

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со Лујен Д. Тран, заменик-помошник секретар во Канцеларијата за техничка помош во Трезорот на САД, на која се зборуваше за зајакнувањето на финансиската стабилност и унапредувањето на билатералната соработка. Преку оваа средба беше нагласена поддршката од САД за економскиот развој и зајакнувањето на отпорноста и финансискиот интегритет на земјава.

На почетокот на средбата беше нагласена клучната улога на Народната банка во зачувувањето на финансиската стабилност во сложеното глобално окружување, полно со неизвесности. Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека Народната банка преку преземените мерки му овозможи на финансискиот систем да се справи со економските предизвици. Беше истакнато и дека Народната банка дејствува како столб на севкупната макроекономска стабилност.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и високиот претставник на администрацијата на САД, Тран, ги разгледаа можностите за техничка помош и соработка за унапредување на регулативните рамки и финансиската стабилност. Преку користење на експертизата од оваа важна финансиска институција на САД, Народната банка може уште повеќе да ги зајакне своите капацитети за управување со ризиците, за супервизија и дигитализација на финансиите, коишто се исклучително важни за јакнењето на отпорноста. Преку соработката на двете институции ќе се добие увид и во новите алатки и практики за справување со предизвиците од неизвесното окружување, како и за можностите за пренесување на знаењето и поврзување со светскиот финансиски пејзаж.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пресврт во судењето за Вања и Панче: Кешишов тврди дека Палевски не бил со нив на денот на убиството
Следна Статија (ФОТО) Запленет автомобил, пиротехнични и распрскувачки материјали, цигари, лекови и фалсификати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе се воведе „one stop shop“ на железничката станица меѓу Македонија и Грција

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски најави дека ќе се воведе one stop shop на железничката станица меѓу Македонија…

July 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Продолжува субвенционирањето на „зелената нафта“, во тек делењето на ваучерите, потврди Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека ќе продолжат субвенциите за „зелена нафта“. Тој ја потврди информацијата што завчера ја сподели…

September 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трипуновски: Не чувствувам одговорност и нема да поднесам оставка

Веднаш по онаа акција која се случи во четвртокот, каде беа приведени повеќе лица вклучувајќи го и директорот, нашиот национален…

November 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата

Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата и тоа не било усогласено со децении, изјави синоќа премиерот Христијан…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?