Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Статистика: Најмногу метеж на Табановце имало во лето, а најмалку во ноември
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Статистика: Најмногу метеж на Табановце имало во лето, а најмалку во ноември
МАКЕДОНИЈА

Статистика: Најмногу метеж на Табановце имало во лето, а најмалку во ноември

Објавено January 9, 2025 20:20
Сподели
Сподели

Јуни, јули и август лани имало најмногу метеж на граничниот премин Табановце, покажуваат податоците на МВР. Тогаш влегле и излегле најмногу странски државјани, додека во јануари, мај, октомври и декември влегле и излегле најмногу македонски државјани, соопштија од МВР за МИА.

Според податоците на полицијата во јануари влегле и излегле вкупно 162.758 странски државјани. Стандардно, нашинците кои се на работа во западноевропските држави се враќаат таму и лани во овој месец од земјава излегле 137.107 македонски државјани, а влегле 86.839 лица.

Во февруари влегле и излегле 158.879 странски и 151.452 македонски државјани и тој месец имало најмал број патници на преминот. Во март евидентирано е благо зголемување на бројот на патници, па така 181.229 странски и 183.829 македонски државјани.

Повеќе странски државјани излегле во април 128. 035, отколку што влегле 99.691, истовремено и повеќе македонски државјани излегле од државата 107.021, отколку што влегле 93.465.

Метежот според податоците на полицијата почнува во мај, па така тој месец кога се празнува влегле и излегле од земјава, 298.403 странски државјани. Над 111.000 македонски граѓани влегле во земјава, а вкупно влез и излез оствариле над 215 илјади државјани.

Летните месеци имало најмногу метеж на преминот, јуни кога почнува туристичката сезона влегле и излегле 359.058 странски и 158.920 македонски државјани. Во јули влегле и излегле незначително помалку странски државјани вкупно, 349.205 и 171.446 македонски државјани. Во август влегле 159.538 странски, а излегле 85.274 државјани, влегле 60.901, македонски, излегле 113.457 државјани. Веќе во септември се намалил метежот, влегле и излегле 296.966 странски и 160.854 македонски државјани. Октомври и ноември имало помал број поминувања, во десетиот месец влегле и излегле 243.485, странски и 201.136 македонски државјани, додека ноември вкупно поминале 176.159 странски и 176.418 македонски државјани.

Празнично во декември повторно имало метеж на ГП Табановце кој е најфреквентен премин во земјава, влегле 126.031 и излегле 88.935 странски државјани. Минатиот месец влегле дури 150.276 македонски, а излегле 98.631 државјани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина 13-та жртва на масакрот на Цетиње
Следна Статија ВЛЕН: Очајнички се обидите на ДУИ да ги оцрни функционерите во Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Грчка пратеничка кон градоначалникот на Лерин кој забрани македонски песни: Прифатете го напредокот, отфрлете ја цензурата

Грчка пратеничка остро го крититикува градоначалникот на Лерин, кој прекина прослава поради македонска песна „Прифатете го напредокот, отфрлете ја цензурата.…

December 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одбележување 122 години од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој…

May 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Две бронзи за Македонија на Менделеевата олимпијада по хемија во Бразил

Македонија освои два бронзени медала на 59. Меѓународна хемиска олимпијада „Менделеев“ што се одржа од 5 до 13 мај во…

May 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

„НаТочак“ до Тошковски: Заслужуваме барем одговор за нашите предлози за безбеден сообраќај

На 15. мај 2025 година, граѓанската иницијатива НаТочак, преку платформата ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи на Република Македонија), поднесе сет од стручно…

September 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?