Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стефановски: Oва е демонстрација на сила и праќање на порака за контрола и обележување на територии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Стефановски: Oва е демонстрација на сила и праќање на порака за контрола и обележување на територии
МАКЕДОНИЈА

Стефановски: Oва е демонстрација на сила и праќање на порака за контрола и обележување на територии

Објавено November 29, 2024 16:40
Сподели
Сподели

Вчерашната прослава на албанското знаме која беше проследена со низа инциденти има ракопис на обид за дестабилизација. На прв поглед тоа беше воочливо сценарио бидејќи беше координирано во исто време на повеќе места, но со ист перфоманс, коментира анализира воено-безбедносниот аналитичар Милан Стефановски за „Република“.

Тој случувањата ги коментира како демонстрирање на сила и еуфорија и праќање на некој вид на порака за контрола и обележување на територии.

Не изостанаа провокациите на етничка и врска основа и обид да се испровоцираат органите на прогонот. Но, тоа траеше 24 часа, денес епилогот е 8 притворени и секако нарушена меѓуетничка доверба. Координираноста во наративот и инцидентите говори дека сепак зад таа организација стои некој посериозен политички субјект. Нема атмосфера за спонтани изливи на фрустрации. Ова се пубертетски изливи на несериозни поединци и групи кои преку симболите покажуваат некоја супериорност. Голема е веројатноста дека одредена политичка партија во недостаток на креативни идеи применува веќе видени сценарија. Доволно долго се во пубертет. Сценаристите треба да пораснат. Денес светот говори за вештачка интелигенција. Мислам дека знаменоносците беа видливи во 19 век. Жално е толку млади луѓе да ја истурат својата енергија во политичка фрустрација, наместо во спорт, култура и знаење. Ако било кој од нив посетил повеќе време во читање, прво нема да дозволи да биде манипулиран, и како второ ќе знае дека непочит кон државата и знамето каде што живее и твори е и сопствена непочит. Ефтин обид за дестабилизација. Институциите ќе си ја завршат работата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Д-р Чибишев: Загадениот воздух во Македонија значително ги надминува безбедните нивоа, што предизвикува сериозни здравствени последици
Следна Статија Тотален колапс: Блокирана е сметката на ЈСП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Во фаза на имплементација е „паметен зелен бран“ на скопските булевари

Нема човек кој управува моторно возило во Скопје и кој не ги гледа придобивките од системот Безбеден град. Го нема…

February 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со прифаќање веднаш на една изборна единица

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на собраниската седница посветена на пратенички прашања предложи идната година да се спроведе вонреден електронски попис…

June 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерот Цветан Трипуновски имал арогантен однос, синдикатот бара да биде сменет

Дали министерот Трипуновски, ќе биде дел од најавената реконструкција на Владата? Ќе биде ли сменет министерот за земјоделство, кој во…

June 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

МЖСПП: Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на ПМ честички

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека беа спроведени мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево во два…

September 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?