Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека
ЗДРАВЈЕ

Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека

Објавено February 4, 2025 15:25
Сподели
Сподели

Повеќето од лековите на Онкологија се стигнати, фали уште еден лек чија набавка е во тек, но, има проблем со дистрибутерот. Уште еден лек, најверојатно до крајот на оваа недела. Се надевам дека двата лека ќе стигнат го крајот на оваа недела, за едниот зависи од дистрибутерот. Друго, сѐ има на клиниката.

Ова го истакна попладнево директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, Игор Стојковски, во изјава за МИА. 

 – Пациентите да бидат спокојни, со оглед на сите напори што ги правиме на клиниката за зголемување на буџетот и обезбедување на следливост на терапијата, се надеваме дека ќе нема проблеми со недостаток во иднина. Пораката што ја упатив денеска е дека треба да работиме заедно со здруженијата на пациентите, за подобрување на пристапот до сите тераписки модалитети и посебен акцент да ставиме на превенцијата и раната детекција на канцерот, истакна тој на Светскиот ден за подигнување на свеста и борбата против ракот.

Директорот рече дека бројот на новорегистрирани пациенти во принцип се зголемува. Тој подвлече дека превенцијата, подразбира здрава исхрана и физички активности, рана детекција. 

Стојковски изрази надеж дека надлежните што побрзо ќе обезбедат и нови вработувања. Бидејќи само во последните две години, имало помалку околу 20 вработени, поради заминувања во пензија и спогодбени откази.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција
Следна Статија Треба да има интервенции во минималната кошничка, смета Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Освен двајцата заразени, нема нови суспектни случаи на мајмунски сипаници, велат од ИЈЗ

Епидемиолозите се во редовна комуникација со двете позитивни лица на мајмунски сипаници, како и со посочените контакти. Двете позитивни лица…

May 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

За џабе се трошат пари за скрининзи за рана детекција на рак на дојка и на грло на матка- Резулатите многу доцнат или ги нема

Како на време да се открие рак на дојка или на грло на матка за да има шанси да се…

July 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Николов: Интрахоспиталните инфекции и нивната контрола претставуваат предизвик за секој здравствен систем па и оние најмодерните

Имав чест да се обратам на Работилницата во организација на МЗКИХИ (Македонско Здружение за Контрола на интрахоспитални инфекции) која што…

October 27, 2024
ЗДРАВЈЕ

Универзитетот Оксфорд развива вакцина против ебола за справување со епидемијата

Научници од универзитетот Оксфорд развиваат нова вакцина против ебола за справување со епидемијата на оваа болест, која брзо се шири…

May 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?