Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Студенти и граѓани денеска ги блокираат трите мостови во Нови Сад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Студенти и граѓани денеска ги блокираат трите мостови во Нови Сад
БАЛКАН

Студенти и граѓани денеска ги блокираат трите мостови во Нови Сад

Објавено February 1, 2025 13:12
Сподели
Сподели

Три месеци по загинувањето на 15 лица пред железничката станица во Нови Сад денеска во овој град ќе бидат одбележани со голем граѓански собир и блокада на три новосадски моста организирани од студенти.

Студентите ги поканија граѓаните на блокади на клучните мостови во градот – Варадински, Жежеље и Мостот на слободата, што ќе почнат во 15 часот, со цел симболично, како што наведоа, да го изразат своето незадоволство што и по три месеци од трагедијата, никој беше повикан на одговорност.

На денешниот собир му претходеше пристигнувањето на голем број студенти од Белград кои пеш дојдоа во Нови Сад, каде со своите колеги и граѓани ќе им оддадат почит на жртвите.

И голем број граѓани на велосипеди дојдоа од Белград во главниот град на Војводина.

Нив синоќа ги пречекаа илјадници студенти и жители на Нови Сад, а на факултетите им беше овозможено импровизирано сместување, храна и логистичка поддршка.

Пристигнувањето и пречекот на демонстрантите во Нови Сада не беше проследен со сериозни инциденти, а поворките и собирот беа обезбедени од полицијата.

Од ноември минатата година досега стотици илјади луѓе излегоа на протести низ земјата, поттикнати од смртта на 15 лица при пад на настрешница, а студентите блокираа повеќе од 60 факултети, барајќи одговорност од властите, почитување за Уставот, законот, искоренување на корупцијата и зајакнување и независност на институциите без политичко влијание.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Инспекторите се на терен, во сите поголеми супермаркети, вели Мицкоски, обврска ни е да го штитиме стандардот на граѓаните
Следна Статија Мицкоски: Јавните здравствени установи ќе добијат Буџет поголем за 100 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Илијана Јотова ја презеде претседателската функција во Бугарија

Илијана Јотова  стана првата жена претседател на Бугарија, откако Уставниот суд и официјално ги запре овластувањата на Румен Радев поради…

January 23, 2026
БАЛКАН

Вучиќ: Студентските протести се највалканата шарена револуција

Спрскиот претседател Александар Вучиќ, вели дека е готово со протестите, за кои смета дека се платени однадвор. Кажа дека ќе…

February 16, 2025
БАЛКАН

Сите лица на Звицер: Водачот на Кавачкиот клан правел неколку пластични операции

На официјалната веб-страница на австриската полиција беше објавено дека Радоје Звицер е на листата на најбарани бегалци во Австрија. Претходно,…

May 13, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Под притисок на Вучиќ, жена јавно кажа дека не е биолошка мајка на детото што го чува

За време на посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ во Бор и неговата средба со граѓаните, се случи емотивна и…

February 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?