Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Студенти и граѓани денеска ги блокираат трите мостови во Нови Сад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Студенти и граѓани денеска ги блокираат трите мостови во Нови Сад
БАЛКАН

Студенти и граѓани денеска ги блокираат трите мостови во Нови Сад

Објавено February 1, 2025 13:12
Сподели
Сподели

Три месеци по загинувањето на 15 лица пред железничката станица во Нови Сад денеска во овој град ќе бидат одбележани со голем граѓански собир и блокада на три новосадски моста организирани од студенти.

Студентите ги поканија граѓаните на блокади на клучните мостови во градот – Варадински, Жежеље и Мостот на слободата, што ќе почнат во 15 часот, со цел симболично, како што наведоа, да го изразат своето незадоволство што и по три месеци од трагедијата, никој беше повикан на одговорност.

На денешниот собир му претходеше пристигнувањето на голем број студенти од Белград кои пеш дојдоа во Нови Сад, каде со своите колеги и граѓани ќе им оддадат почит на жртвите.

И голем број граѓани на велосипеди дојдоа од Белград во главниот град на Војводина.

Нив синоќа ги пречекаа илјадници студенти и жители на Нови Сад, а на факултетите им беше овозможено импровизирано сместување, храна и логистичка поддршка.

Пристигнувањето и пречекот на демонстрантите во Нови Сада не беше проследен со сериозни инциденти, а поворките и собирот беа обезбедени од полицијата.

Од ноември минатата година досега стотици илјади луѓе излегоа на протести низ земјата, поттикнати од смртта на 15 лица при пад на настрешница, а студентите блокираа повеќе од 60 факултети, барајќи одговорност од властите, почитување за Уставот, законот, искоренување на корупцијата и зајакнување и независност на институциите без политичко влијание.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Инспекторите се на терен, во сите поголеми супермаркети, вели Мицкоски, обврска ни е да го штитиме стандардот на граѓаните
Следна Статија Мицкоски: Јавните здравствени установи ќе добијат Буџет поголем за 100 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум

Во Хрватска денеска почна еднонеделен бојкот на трговскиот синџир Конзум, откако вчера откако Хрватите незадоволни од цените вчера трет петок…

February 8, 2025
БАЛКАН

Не сме на продажба: Во Албанија продолжуваат протестите против комплексот на зетот на Трамп

Илјадници граѓани во Тирана протестираа против планот за изградба на луксузен туристички комплекс вреден околу 1,4 милијарди евра на островот…

June 6, 2026
БАЛКАН

Во Загреб се донесени уште тројца пациенти од несреќата во Кочани

По првите двајца македонски пациенти кои со изгореници веќе се лекуваат во Загреб, денеска во главниот град на Хрватска беа…

March 19, 2025
БАЛКАН

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато во вредност од 300.000 евра

Претседател на македонски фудбалски клуб од прва лига е уапсен бидејќи е фатен како шверцува злато во вредност од 300.000…

March 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?