Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Студентите во блокада тргнаа пеш од Белград кон Нови Сад: На 1.февруари блокада „Три месеци – три моста“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Студентите во блокада тргнаа пеш од Белград кон Нови Сад: На 1.февруари блокада „Три месеци – три моста“
БАЛКАН

Студентите во блокада тргнаа пеш од Белград кон Нови Сад: На 1.февруари блокада „Три месеци – три моста“

Објавено January 30, 2025 15:56
Сподели
Сподели

Студентите кои ги блокираа факултетите во Белград утринава се собраа пред Факултетот за драмски уметности, од каде пеш тргнаа кон Нови Сад за да им се придружат на колегите во тој град кои ќе одбележат три месеци од трагедијата на железничката станица во сабота на 1. февруари.

Студентите планираат да пешачат до Нови Сад два дена со паузи, а како што пренесуваат медиумите, нив ги придружуваат земјоделци на трактори и моторџии додека се движат по стариот новосадски пат, под слоганот „На чекор од правда“.

Студентите од Нови Сад на блокадата најавија дека на 1 февруари ќе ги блокираат сите три моста во Нови Сад, три месеци по уривањето на настрешницата на Железничката станица, во која загинаа 15 лица, а блокадата ја нарекоа „Три месеци – три моста“.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи утревечер целосно ќе ја обезбедуваат трасата на студентската прошетка од Факултетот за драмски уметности во Белград до Железничката станица во Нови Сад, изјави утрово министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Сообраќајот на трасата ќе биде запрен и пренасочен, а пред и зад конвојот ќе бидат распоредени припадници на сообраќајната полиција и одделението за јавен ред, како и амбулантни возила и цистерни за вода.

Тој наведе дека синоќа е пристигнат мејл за регистрирање на собирот, што е заемен интерес на МВР да ја обезбеди безбедноста на сите учесници на собирите, пред се на студентите, и додаде дека се надеваат дека така ќе биде и во иднина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Родени за финансиски успех: Хороскопски знаци кои привлекуваат пари
Следна Статија Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Родителите на Коста ќе мораат да ѝ платат отштета на тешко повредената наставничка по историја

Вишиот суд во Белград донесе одлука со која ги обврза Милјана и Владимир Кецмановиќ, мајката и таткото на момчето убиец…

May 21, 2025
БАЛКАН

Србин спаси Македонец во Грција: Скокнал од лежалката и без размислување се стрчал кон водата да помогне

Постар човек од Скопје, кој бил на одмор со сопругата во Олимпик Бич, денес ќе се удавел во морето. Млад…

June 4, 2025
БАЛКАН

Осуден актерот Сергеј Трифуновиќ

Вишиот суд во Белград го осуди актерот Сергеј Трифуновиќ на условна казна затвор од шест месеци со две години пробен…

March 8, 2025
БАЛКАН

Бебе од Србија почина на Халкидики: детето се задушило пред очите на родителите среде ресторан

Тринаесетмесечно бебе од Србија ненадејно го загуби животот во ресторан на Халкидики. Според грчките медиуми, трагедијата се случила пред очите на…

July 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?