Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судот ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Судот ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор
ХРОНИКА

Судот ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор

Објавено December 24, 2024 15:14
Сподели
Сподели

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба изјавена од одбраната на Артан Груби недостапен за органите на прогон, против решението на судија на претходна постапка, донесе одлука со која ја одби жалбата на одбраната и го потврди решението на судија на претходна постапка со кое му се определува мерка притвор од 30 дена, информираат од Судот.

На 17 декември Кривичниот суд им одреди триесетдневен притвор на поранешниот прв вицепемиер Артан Груби и на поранешниот директор на Државна лотарија, Прпарим Бајрами, кои се недостапни за органите на прогон. Тие се поврзани со истрагата за злоупотреба на службената положба, примање поткуп и злоупотреба на постапката за јавен повик во случајот со Државната лотарија на Република Македонија.

Груби е во бегство откако беше обвинет за корупција и злоупотреба на службената положба. Првичните информации укажуваат дека побегнал во Косово, но подоцна се појавија тврдења дека се наоѓа во Албанија. Во бегство е и Бајрами, а Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша меѓународна потерница по двајцата.

Дополнително, против полицискиот службеник кој му дозволил на Груби да ја премине границата е поднесена кривична пријава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нашето законодавство има предвидено се што е потребно за лицата на црната листа на САД, смета Мицкоски
Следна Статија Ајфеловата кула евакуирана по дојава за пожар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ја украле бистата од гробот на Стале Попов проценета на 320.000 денари, побаран притвор за четири лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои се осомничени дека во соизвршителство сториле кривични…

September 19, 2025
ХРОНИКА

Прегазена девојка на пешачки премин кај „Дајмонд“

Утрово во пикот на сообраќајниот метеж, девојка беше прегазена на пешачки премин кај „Дајмонд“. Девојката лежи на ладниот асфалт и…

March 17, 2025
ХРОНИКА

Десет обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 7 лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба…

May 6, 2025
ХРОНИКА

Осомничениот Манев ги водел полицајците до закопаното тело на убиениот Панче Жежовски

Полицаец од интервентанта полиција кој го спровел Велибор Манев од полициската станица Кисела Вода до местото каде било закопано телото…

November 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?