Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Суспендиран обвинителот Хајрулахи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Суспендиран обвинителот Хајрулахи
МАКЕДОНИЈА

Суспендиран обвинителот Хајрулахи

Објавено November 12, 2024 09:05
Сподели
Сподели

Вишиот скопски јавен обвинител Мустафа Хајрулахи е суспендиран од функцијата. Тој за МТВ вели дека ова е уште еден обид на државниот обвинител Коцевски да изврши притисок врз него и обвинителот Цветановски во врска со случајот за бонусите во СЈО. За истрагата против него бил информиран од неговиот заменик, а со образложение дека е поднесена пријава за мобинг. Хајрулахи смета дека е суспендиран бидејќи јавно зборувал за протекувањето документи од републичкото обвинителство.

– Од страна на обвинителот на Република Македонија, Љупчо Коцевски, се врши невиден притисок врз мене. Ова се случува од причина што јавниот обвинител преку неговата ќерка изнесувал од Јавното обвинителство на РМ, а се со цел да се оцрни мојата работа и работата на Вишото јавно обвинителство Скопје – вели Хајрулахи за МТВ.

Од Кабинетот на Коцевски потврдуваат дека е отворена истрага против Хајрулахи за злоупотреба на службена положба и за малтретирање во вршење на службата.

Кривичната пријава против јавниот обвинител за малтретирање во вршење на службата беше поднесена до Јавното обвинителство на Република Македонија од страна на група вработени во Вишото јавно обвинителство Скопје, по што таа беше проследена на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Штип. Во текот на истражните дејствија преземени од штипското обвинителство се добиени податоци и сознанија кои упатуваат на сомнение и за дејствија на злоупотреба на службената положба и овластување – велат од Обвинителството.

Хајрулахи најави жалба до Советот на јавните обвинители.

Минатиот месец Хајрулахи до граѓанскиот суд поднесе тужба за клевета против неколкумина вработени во обвинителството за кои вели дека по инструкција на друг обвинител давале лажни изјави дека им се врши мобинг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Тутунски комбинат АД Прилеп извезува на 9 пазари, очекувам во следниот период зголемување на производството
Следна Статија Таравари: Потребни ни се најмалку 1.000 лекари – итно и без одлагање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Обвинителството бара распишување меѓународна потерница за Васко Ковачевски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го прими Решението на судијата на претходна постапка при…

December 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Огромни гужви на Евзони за влез во Грција

Илјадници туристи утрово создадоа долги колони возила на граничниот премин Евзони при влез во Грција. Викендот и почетокот на летната…

June 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиевски по изборната победа: Ќе се борам за подобро Скопје

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски за случајот „Штекли“: Одлучно и сурово ќе одговориме. Нема да се мижи како што се мижело претходно

Добро е што немаме животозагрозувачка состојба на никого во овој момент, лошо е што криминалните банди си „хараат“ и денеска,…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?