Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светска банка: Загадениот воздух годишно убива околу 2 800 македонски граѓани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Светска банка: Загадениот воздух годишно убива околу 2 800 македонски граѓани
МАКЕДОНИЈА

Светска банка: Загадениот воздух годишно убива околу 2 800 македонски граѓани

Објавено December 18, 2024 23:46
Сподели
Сподели

Загадениот воздух годишно убива околу 2 800 граѓани на земјава, а жителите на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на токсични ПМ 2,5 честички, во споредба со граѓаните во земјите од Западна Европа.

Ова денеска го кажа директорот на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Масимилијано Паолучи, на конференцијата во Скопје за квалитетот на воздухот.

И покрај напредокот од 1990-тите, загадувањето на воздухот во земјава е сè уште високо, рече тој, нагласувајќи дека здравиот воздух е од клучно значење за одржливиот развој.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој се обрати на конференцијата, рече дека според него, првиот фактор за лошата состојба со амбиенталниот воздух е тоа што домаќинствата и индустријата сѐ уште користат неквалитетно дрво и други извори за греење, посебно во зимската сезона.

„Тука е и урбаниот транспорт и ред други причини. Ние веќе усвоивме и работиме на конкретна програма каде што освен гасификацијата, предвидени се и когенеративни гасни системи, исто така планираме да ги субвенционираме да се враќаат граѓаните на централното греење, посебно во урбаните средини каде што има. Во однос на гасификацијата, мислам дека тоа е едно од решенијата што граѓаните ќе ги пренасочи кон помалку штетни или нештетни средства за греење во текот на сезонава. Исто и во однос на урбаниот транспорт како што почнавме со електричните автобуси… Работиме, исто така, и на други иницијативи и проекти. Значи, посветени сме сите можности да ги искористиме за да дојдеме до почист воздух“,рече Меџити.

Инаку, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на 16 декември ја претстави новата Планска програма за почист воздух 2024–2030 година, чија цел, како што кажа тогаш, е среднорочно и долгорочно решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Северна Македонија.

Од денешната конференција за квалитетот на воздухот што се одржа во Скопје / Фото: Принтскрин
Професорот на Машинскиот факултет – Скопје, појасни дека програмата е изготвена врз база на долгорочни истражувања, најавувајќи построги и правични инспекциски контроли за сите индустриски капацитети.

Досега, како што рече тој, се случуваше загадувачите да си го вперуваат простот едни кон други, односно домаќинствата да кажуваат дека загадува индустријата, таа да го обвинува транспортот, а транспортот некој трет. Со новата програма, вели тој, се опфатени сите загадувачи во урбаните средини во Македонија.

„Дополнително, планираме строга и правична инспекциска контрола за сите индустриски капацитети во државата, така што емисиите ќе бидат јавни и сите ќе бидеме сигурни дека тоа што се емитува е сигурно на европски ранг. Како што во 1963 година формиравме силни научни институции, кога имавме проблем со земјотресот, сега сакаме да ги поддржиме научните институции да се занимаваат со истражување за чистење на воздухот или за незагадување на воздухот и таква програма сме предвиделе“,додаде Димитровски.

Вицепремиерот Меџити, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека инспекторите се веќе на терен и има казни, но, додаде дека има потреба од зголемување на нивниот број за да може да се опфати целата држава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски на средба со полскиот премиер Туск
Следна Статија Самит ЕУ-Западен Балкан: Максимално да го искористиме новиот моментум во проширувањето, затоа што иднината на регионот е во Унијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во Битола ќе се основа Факултет за медицински науки и здравство

Владата на 74 седница донесе и две важни одлуки од областа на образованието и тоа: Владата ја разгледа и усвои…

May 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски разреши шест началници од Штип и Кочани и еден командир

Mинистерот Панче Тошковски по несреќата во Кочани донесе одлуки за повеќе разрешувања. Се разрешуваат: 1. Началник на Сектор за внатрешни…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

КОЈ ПОДГОТВУВА ТЕРЕН ЗА БЕГСТВО НА КРМЗОВ? Доказите за криминалот се обезбедени, ама некој не сака да се меша во својата работа

Најмалку 65 милиони евра штета врз буџетот на Македонија утврдиле инспекторите на Управата за јавни приходи и на Царинската управа…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во посета на Турција, со Ердоган ќе потпишат основање на Совет за соработка на високо ниво

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска патува во посета на Република Турција. Мицкоски ќе оствари средба со претседателот на Република…

February 28, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?