Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светскиот шампион од Гостивар се сретна со претседателката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Светскиот шампион од Гостивар се сретна со претседателката
МАКЕДОНИЈА

Светскиот шампион од Гостивар се сретна со претседателката

Објавено January 14, 2025 16:20
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Силјановска го прими повеќекратниот светски шампион Анди Исмаили.

Прекрасна средба со извонредниот, вонсериски талентираниот млад танчер Анди Исмаили, кој со својата уникатна, импресивна и маестрална игра го освојува светскиот модерен танцов подиум, прославувајќи ја Македонија, пишува претседателката за средбата со Исмаили кого таа го поддржуваше и пред да стане шеф на државата.

,,Нема прво место што не го освоило ова момче. Со само 16 години тој е петкратен светски шампион во танцување, што е потврда за неговата исклучителна дарба, совршена креативност, заразна емоција, врвна музикалност и неповторлива елеганција.

Неговите успеси на неодамнешното Светско првенство во Полска, крунисани со златен и сребрен медал нè прават горди што е еден од нас и сè уште со нас.
Но, светските дострели бараат посебно разбирање, нега и грижа за овој посебен млад човек. Ние сме должни да најдеме системски решенија за континуирана поддршка на младите таленти во различни области, како најголеми промотори на културната дипломатија.

Достигнувањата на Анди се високи колку и Андите и тие ја позиционираат Македонија на светската мапа на уметноста, го стимулираат и гарантираат неговиот понатамошен успех, но и инспирираат многу млади, дома и надвор.

Анди е пример и доказ дека нема неостварливи соништа за талентираните каде и да се.

Посакувам да ја согледаме неговата светски признаена вредност, да ја поддржиме неговата извонредност и да сфатиме дека неговата победа е и наша”, напиша Гордана Силјановска Давкова за Исмаили!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Експресниот пат Градско – Дреново е реалност, денеска имаме комплетно завршен пат, од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути
Следна Статија Последен ден од новогодишната кошница – Ќе се покачат ли цените на основните производи?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави средба со британскиот премиер Кир Стармер и добри вести за Македонија

Со Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта патуваме во Тирана, на самитот на Европската политичка заедница, каде имам средба со…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

За шест месеци ќе се возиме од Зелениково до Скопје со градски воз

Вицепремиерот Алексаднар Николоски во гостувањето на радио Лидер објасни каков ќе биде новиот градски воз којшто ќе се користи за…

October 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ивановска: Неодговорноста и корупцијата се убијците на Росица и нејзиниот татко

Убијците на Росица и на татко и имаат име и презиме и се вика неодговорност и корупција, а истрагата, доколку…

September 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Розенкранц: Да не се дозволи билатералните прашања да застанат на патот, Шведска ќе ви биде поддржувач

Многу е важно да се фокусирате на тоа што сами можете да го сторите, да ги спроведете навистина потребните реформи,…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?