Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Tухел призна дека е виновен за поразот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Tухел призна дека е виновен за поразот
СПОРТ

Tухел призна дека е виновен за поразот

Објавено July 16, 2026 08:32
Сподели
Сподели

Англискиот селектор Томас Тухел изјави оти ја презема одговорноста за своите одлуки од клупата за време на синоќешниот пораз од 2-1 во полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Аргентина, но наведе дека околностите на теренот го принудиле за дефанзивна игра по водечкиот гол.

„Разочарани сме, бевме толку блиску, но по водечкиот гол станавме премногу пасивни и му дозволивме на противникот премногу шанси. Не успеавме да ја вратиме контролата преку посед на топката и дозволивме многу шанси пред нашиот гол“, рече Тухел во изјава за англиските медиуми.

Коментирајќи ја трансформацијата со петмина дефанзивци откако Ентони Гордон ѝ донесе водство на Англија во 55. минута, Тухел рече дека презема одговорност, но нема причина да жали за своите одлуки.

„Одлучивме да го затвориме нашиот простор, бидејќи тие го добиваа речиси секој скок дуел и постојано ја нафрлуваа топката во нашиот шеснаесетник. По нашиот гол дозволивме премногу шанси и се обидовме да реагираме. Одговорноста е кај тренерот и лесно е да се каже по натпреварот дека одлуката беше погрешна“, наведе Тухел.

Соочен со критики од англиските новинари зошто не ивршил повеќе офанзивни замени во последните минути за Англија да се обиде да постигне втор гол, Тухел рече дека околностите на теренот биле поинакви од желбите.

„Секако дека сакавме да постигнеме втор гол, но немав чувство дека офанзивните замени ќе ни помогнат. Останавме во формација 4-4-2, но станувавме сè попасивни. Не можевме да освоиме или задржиме ниту една топка, а играта целосно се промени“, додаде Тухел.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Божјата глава“ на Лаутаро за финале на Аргентина
Следна Статија Селекторот на Аргентина: Не мислам дека сум арогантен кога велам дека овие играчи се навистина уникатни, а навивачите се брилијантни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Леброн на 40 години игра подобро од кога беше двојно помлад

 Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс бележи извонредни изданија во 2025 година. Откако наполни 40 години, Леброн Џејмс има просек од…

March 4, 2025
СПОРТ

(ФОТО) Ноле не се одвојува од овој ѓердан

Ноле е голем верник и тој не се одвојува од една реликвија. Тоа е еден ѓердан,привезок како тркалезен како Земјата,…

January 26, 2025
СПОРТ

Реал го подготви најтешкиот удар за Барселона и ја „краде“ ѕвездата која веќе беше блиску до Камп Ноу

По многу лошата сезона во која ги загубија сите трофеи, Реал Мадрид бурно го започнува преодниот рок и сака да…

May 21, 2025
СПОРТ

Почина Дражен Далипагиќ – легендата на југословенската кошарка

Легендарниот југословенски кошаркар Дражен Далипагиќ почина утрово во Белград на 73-годишна возраст по долго и тешко боледување, објави КК Партизан,…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?