Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Taравари: Никогаш не се случило да има еден ваков коректен однос на премиер спрема коалициските партнери
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Taравари: Никогаш не се случило да има еден ваков коректен однос на премиер спрема коалициските партнери
ПОЛИТИКА

Taравари: Никогаш не се случило да има еден ваков коректен однос на премиер спрема коалициските партнери

Објавено April 1, 2025 09:48
Сподели
Сподели

Министерот за здравство и еден од лидерите во коалицијата ВЛЕН Арбен таравари синоќа во интервју за „360 степени“ на МРТ искажа јавна критика за функционирањето на партиите на Албанците во Владата. Според него, коалицијата ВЛЕН функционира „тромо“ и треба да се најде модел за подобра синхронизација. Таквото мислење, како што вели, не било само негово лично, туку го темели и на анкети спроведени пред сѐ меѓу Албанците во земјава.

– Јас мислам дека имаме многу недостатоци. Тоа не е толку до премиерот Мицкоски, колку што е до нас. Постои некаква неусогласеност што се гледа од 100 километри, дека многу бавно функционираме. Впечаток е на народот, што е најлошо за нас, дека ВЛЕН има многу слаба позиција во Владата. Само што направив три анкети, кај Албанци генерално анкетирани. Впечатокот на околу 70% од населението Албанци е дека ВЛЕН не функционира добро, не е задоволувачко претставувањето на Албанците во Владата, кажа Таравари.

Тој дообјасни дека кога зборува за претставувањето на Албанците во Владата не мисли на квантитетот, туку на квалитетот.

– Ако земете во квантум, значи број на министри, број на директори, океј е претставувањето на ВЛЕН во Владата. Меѓутоа, ако го земете квалитативно, тоа не е баш како што треба, не функционира баш како што треба и тоа е генерален впечаток на повеќето, зборувам за Албанците, посочи Таравари.

Во однос на претстојните локални избори и дали ВЛЕН ќе настапи со заеднички листи за советници и кандидати за градоначалници, тој вели дека тоа прашање е отврено уште од лани, кога се појави идејата за ВЛЕН од коалиција да прерасне во една партија.

– Заедничка констатација наша во јули или август минатата година беше дека подобро да одиме со четири партии до локални избори и после локални избори да се обидеме да бидеме една партија. Меѓутоа, тогаш, баш на тој состанок, јас кажав – доколку одиме со четири партии, тогаш и советничките листи добро би било да ги имаме секој за себе. Оти јас знам, 2021 година со Алтернатива ние бевме заедно на локални избори и колку мака имавме две партии да се усогласиме за иста советничка листа. И замислете, сега ќе дојдеме во ситуација четири партии за една советничка листа, рече Таравари.

На прашањето, како прогнозира дека ВЛЕН ќе настапи на следните избори, тој одговори дека посакува да се изнајде формула за да излезат заедно, но, како што наведе „интуицијата му говори дека одржливоста на ВЛЕН и после избори да биде една партија, е скоро невозможна мисија“.

– Можеби грешам, времето ќе покаже, кажа Таравари.

За последната средба во Приштина на лидерите на ВЛЕН со косовскиот премиер Албин Курти, го повтори претходно кажаното дека Курти е пријател и ги советува, и оти спротивно на написите во медиумите, средбата поминала во коректна атмосфера.

За тоа, пак, дали неговите чекори се инспирирани од премиерот на Албанија, Еди Рама, поради загриженост за статусот на Албанците во земјата, Таравари одговори – не. Тој го пофали премиерот Христијан Мицкоски, а ја критикуваше некомпетентноста на кадровските решенија на ВЛЕН.

Јас мислам дека статусот на Албанците не е лош во Македонија. Никогаш не се случило да има еден ваков коректен однос на премиер спрема коалициските партнери. Ова е суперкоректно, да бидам искрен до крај. Меѓутоа, директорите, заменик-директори, заминик-министри, јас мислам дека не функционира баш како што треба… Меѓутоа, генерално, пак да речам, тој рапорт, тој однос со премиерот е сосема коректен и ова секаде сум го кажал – од Приштина, до Тирана и секаде каде што одам. Меѓутоа, подолу, нас ни треба, на пример, ете ќе земам табли се ставаат по патишта, од тројазични – двојазични и треба ние со медиуми да се занимаваме по три дена, два дена, со прес-конференции ДУИ, па ВЛЕН, за работи коишто се навистина банални. Меѓутоа, за среќа, овој период немало ни монтирани случаи, ни апсења по нарачка, ниту скандали што се направени од претставниците на Владата. И во овој контекст, јас мислам дека е океј функционирањето. Меѓутоа, подолу кога одиме, не е тоа мој впечаток, тоа е генерален впечаток, дека не е баш како што треба, а може многу подобро да биде, рече Таравари

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Штети од големите поплави на Парос и Миконос
Следна Статија „Епл“ казнет со 150 милиони евра во Франција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски се присети на средбата со Јакимовски во 2021 година: Ми вели, ако треба и на колена ќе клекнам, те молам да ја имам вашата поддршка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес се обрати од маалската средба која се одржа во општина Карпош. Мицкоски зборуваше за…

October 26, 2025
ПОЛИТИКА

Стојаноски: Со чесна и напорна работа успеавме да станеме една од водечките економии во Европа

На денешната трибина на тема „Економски раст и дигитална трансформација“ која се одржа во Прилеп, се обрати и членот на…

June 25, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче им порача на членовите на СДСМ да гласаат по сопствено убедување

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека во општините каде што СДСМ нема кандидат…

October 31, 2025
ПОЛИТИКА

Победата на Борисов и Петков од лошо полошо за Македонија

Објавени се првите неофицијални резултати на парламентарни избори во Бугарија, седми за две години. Очекувано, победи партијата ГЕРБ на Бојко Борисов кој…

October 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?