Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството
ЗДРАВЈЕ

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Објавено December 18, 2024 20:50
Сподели
Сподели

До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството, рече на денешната собраниска седница министерот за здравство Арбен Таравари одговарајќи на прашања на пратеничката од Европскиот фронт Дијана Тоска која праша зошто се отпуштени економски директори, и не се вработуваат медицински сестри иако има потреба во здравствените институции.

Таравари истакна дека проблемите се наследени и дека ДУИ за 22 години власт не успеала да изгради канализациска мрежа во Зајас, а очекува за шест месеци да се изгради Клинички центар. Тој дополни дека е надминат проблемот со позитивната листа на лекови.

-Шесто специјализанти ќе бидат вработени, 300 оваа, 300 наредната година, рече Таравари.

Во однос на економските директори, министерот посочи дека пратеничката не реагирала во 2017 кога тој биле дел од Владата и тогаш разрешувале. Ја повика да ги праша лекарите од ДУИ што е направено во болницата во Тетово, Гостивар…. Најави доволно средства за 2025 година и очекува сите да бидат задоволни од резултатите во здравството.

Министерката за образование Весна Јаневска кажа дека не посетила доволно основни училишта, бидејќи решавала проблеми кои ги оставила претходната власт како недостаток на учебници, долгови, недонесување на закони кои требало претходно да бидат донесени. Таа нагласи дека го посетила регионалниот центар за стручно образование во Тетово, училишта каде настава се изведува на турски јазик. Министерката нагласи дека Законот за Тетовскиот универзитет е донесен 2004 и тој слави 20 години и дека го посетила само Универзитетот „Гоце Делчев“, на УКИМ имала средба со раководството, но дека редовно контактира со ректоратот на Тетовскиот унивезритет.

– Оттука како министер и вие како пратеничка дека мојата честа посета на Тетовскиот (универзитет) може да биде разбрана како вид поддршка или некаков вид на притисок. Јас како министер тоа нема да си го дозоволам, се разбира дека прославите не се такво нешто, рече министерката одговарајќи на пратеничката Тоска зошто не посетува училишта и универзитети каде учат ученици Албанци.

Министерката рече дека сите треба да се залагаат за квалитет на знаењата на учениците и студентите без разлика на нивната етничка припадност.

Министерот за култура, Зоран Љутков посочи дека од 2020 година со одлука на Влада, на Министерството му е одземено правото на користење на објектот на Националната установа Албански театар за деца и млади и е објект кој се наоѓа во заштитена целина. Министерството реагирало дека не може да ги плаќа комуналиите за објект кој не е веќе во негова сопственост и има долг од 15.000 евра за комуналии. Министерството, посочи Љутков, се обидува да најде начин за решавање на овој проблем и е во преговори да се префрли во некоја од националните установи во нивен ресор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Божиновска: Ја поздравувам одлуката на РКЕ за незначително покачување на цената на струјата за домаќинствата
Следна Статија Орбан: Зеленски мора сам да преземе одговорност дали ќе го прифати предлогот за прекин на огнот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Укажувањето на д-р Чибишев вроди со плод: Проверено од институциите – нема токсична туна во Македонија!

Експресна реакција на надлежните институции, укажувањето на директорот на Токсикологија д-р Андон Чибишев вроди со плод. -Попладнево разговарав со Директорот…

February 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клиниката за Онкологија ги смирува пациентите: Воведени се драстични промени во работата по скандалот

Универзитетска клиника за радиологија и онкологија апелира до сите засегнати, посебно до пациентите и до нивните блиски, да останат смирени,…

May 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација

Продолжува опсервацијата на петгодишното дете од Делчево, кое синоќа проголтало две таблети антидепресив за возрасни и потоа било примено на…

March 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип

Министерството за здравство соопшти дека од денеска, преку веб страницата – vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за…

October 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?