Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари: Лекарите од Клиниката за детски болести и од „Козле“ направиле превид кога не го хоспитализирале 14-месечното женско бебе кое почина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Таравари: Лекарите од Клиниката за детски болести и од „Козле“ направиле превид кога не го хоспитализирале 14-месечното женско бебе кое почина
ХРОНИКА

Таравари: Лекарите од Клиниката за детски болести и од „Козле“ направиле превид кога не го хоспитализирале 14-месечното женско бебе кое почина

Објавено October 14, 2024 17:01
Сподели
Сподели

При направениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата – „Козле“, се констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни. Ова го подвлече денеска министерот за здравство Арбен Таравари. На прес-конференција, тој информираше за извршените стручни надзори, иницирани од Министерството, во врска со двата случаи што завршија со смртен исход – за починатата родилка во ОБ – Куманово и за 14-месечното бебе во Клиниката за детски болести.

Таравари информираше дека извештатите се подготвени од професионални компетентни специјалисти од соодветните области, со цел детално да се анализира севкупниот тек на лекувањето и третманот на пациентите во двата случаја.

Тој појасни дека при посетата на установите, комисиите вршат увид во целокупната медицинска документација, а истовремено се извршени разговори со сите членови на здравствените тимови, кои биле вклучени во лекувањето.

Зборувајќи за овие две клиники во Скопје, тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.

Исто така, констатирана е потреба од континуирана обука на докторите на Клиниката за детски болести за срцево-респираторна поддршка. Во однос на техничките недостатоци, во „Козле“ е констатирана потреба од соодветна апаратура за пружање респираторна поддршка – инвазивна и неинвазивна, појасни Таравари.

Министерот додаде дека, исто така, констатирана е потреба од обезбедување видео-ларингоскоп за Детската клиника, како и унапредување во делот на организирање на транспортот на пациентите од една до друга установа.

Од аспект на стручни забелешки, Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потребата од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката извршен на 03.10, додека во Козле е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот, истакна министерот.

Во врска со другиот случај, тој информираше дека бил извршен стручен надзор во ОБ – Куманово, каде се констатирани одредени административно-технички недостатоци.

Но ,заклучок од Комисијата е дека – недостатоците не може да бидат директна или индиректна причина за акутното влошување на општата здравствена состојба на пациентката, исходот по новороденчето и смртниот исход на родилката. Исто така, Комисијата не констатираше пропусти во ниту еден аспект на пренаталниот менаџмент на пациентката од одговорните доктори во приватната здравствена установа по гинекологија и акушерство, каде била следена бременоста, соопшти министерот.

Тој нагласи дека комисијата не констатирала никакви суштински пропусти и во амбулантското следење на пациентката, во рамки на пренаталните прегледи во ОБ – Куманово.

Не се утврдени суштински пропусти ниту кај гинеколошкиот тим во текот на перипарталниот третман на пациентката, односно констатирано е дека тимот постапувал согласно постојните упатства и перинатолошки стандарди, подвлече Таравари на прес-конференцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Љутков: До 2028 година Скопје ќе има легална Универзална сала
Следна Статија Ирина Трајкоска Стрезоски избрана за директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Стара скопјанка измамена за 6.000 евра: „Вашата ќерка прегази дете“

На 11.02.2025 во 13.10 часот во СВР Скопје, 87-годишна жена од Скопје пријавила дека на 10.02.2025 била измамена од едно…

February 12, 2025
ХРОНИКА

Судијата Стефановски: На снимките од камерите јасно се гледаат обвинетите

Судијата во случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панчо Жежовски, Ивица Стефановски му одговори на првообвинетиот Љупчо Палевски –…

February 21, 2025
ХРОНИКА

Криволовци го застрелале пријателот, ќе одговараат за убиство од небрежност

11 компањони од околината на Конче случајно го застрелале 12 член од групата која тргнала во кривилов во атарот на…

November 12, 2025
ХРОНИКА

Условна казна за едниот од напаѓачите на градоначалничката Арсовска

Реџеп Нуредини доби условна казна од две години затвор, која нема да се изврши доколку во наредните пет години не…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?