Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотна казна за Васил
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотна казна за Васил
МАКЕДОНИЈА

Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотна казна за Васил

Објавено February 4, 2025 21:15
Сподели
Сподели

Тодор Кулаков, таткото на младата Фросина која пред недела дена загина во трагична сообраќајна несреќа, вечерва во Дневникот на Сител се заблагодари на сите граѓани кои излегоа на протестите, искажа и благодарност кон институциите и медиумите. Најави нови, помасовни протести и бара максимална казна за момчето кое ја прегази Фросина.

Изјави дека има сознанија дека Васил Јованов, кој смртно ја прегази неговата 22-годишна ќерка, се планира да го сместат во друга институција.

– Она што особено ни паѓа тешко кога нашата ќерка така еднаш свирепо е убиена, веројатно поради тоа што таков како што ни е системот ќе треба уште стопати таа да умира и ние со неа. Последно сознание кое што стигна до нас е дека сакаат таквиот монструм да го претстават дека е шекнат од болка, а тоа е бидејќи им ги земаат телефоните, не можат да комуницираат, па сакаат да го префрлат во некоја друга институција, како на пример лудница каде ќе може слободно да комуницираат, вели Кулаков.

Тој вели дека на ноќта на настанот, три часа по трагедијата на Партизанска не се појавил обвинител.

Бара и родителите на Васил да одговараат поради соучество и истакна дека неказнивоста е причинителот на вакви ситуации.

  • Кога ќе се земе кумулативно и преку 40 години казна доаѓаат. Немал право да го вози автомобилот без возачка дозвола, поминувал на црвено, возел под дејство на алкохол, со трипати поголема брзина од дозволената. Ние ги живееме последиците од тоа. Ниту тој, ниту родителите немаат зрно каење, туку само гледаат како и овој пат да се заврши работата, рече меѓу другото Кулаков.

На прашање дали осомничениот Васил Јованов бил на местото на несреќата, таткото рече „не“.

– Дали е иронија на судбина или не знам што е, веројатно понатаму времето најдобро ќе покаже, тој колата откако ја согазил ќерка ми ја остава пред нашата зграда на „Партизанска“, четири трепкачи, „Партизанска“ е празна. Кутрето што го водела под кола било, но не го видовме бидејќи ноќ е. Тоа можам да ви кажам, не беше, вели тој.

Прашан каков епилог очекува од оваа судска постапка, како минимална утеха за семејството, Кулаков „утеха нема“.

  • Ова што го правиме за правда за нашата ќерка, за правда. Немате претстава колку има вакви случаи, рече таткото на Фросина, Тодор Кулаков.

Васил Јованов под дејство на алкохол, на црвено светло и без возачка дозвола смртно ја прегази младата Фросина Кулакова. Се случија низа протести за правда и за одговорност по информациите дека Васил и претходно се судирал со законот, но поминувал полесно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јенс Столтенберг станува министер за финансии на Норвешка
Следна Статија Загина 57-годишен маж од Кочанско: со возилото излетал од патот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На Самитот на НАТО ќе има разговори помеѓу Македонија и Бугарија, ќе се вклучи и ЕУ

Премиерот Мицкоски најави дека на претстониот НАТО самит во Хаг ќе има средба помеѓу претставници на Македонија и Бугарија и…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Томевски: Пожарот кај Вардариште ставен под контрола и се догаснува

Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола и во моментов се догаснува. На терен се 25 пожарникари со осум противпожарни…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Минчев: Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на првата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено за тебе“, одржана во…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Министерот Цветан Трипуновски имал арогантен однос, синдикатот бара да биде сменет

Дали министерот Трипуновски, ќе биде дел од најавената реконструкција на Владата? Ќе биде ли сменет министерот за земјоделство, кој во…

June 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?