Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „ТАВ Македонија“ и Меѓународниот аеродром „Скопје“: Не продаваме изгубен багаж, лажни профили на социјалните мрежи сакаат да изнудат податоци од граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „ТАВ Македонија“ и Меѓународниот аеродром „Скопје“: Не продаваме изгубен багаж, лажни профили на социјалните мрежи сакаат да изнудат податоци од граѓаните
МАКЕДОНИЈА

„ТАВ Македонија“ и Меѓународниот аеродром „Скопје“: Не продаваме изгубен багаж, лажни профили на социјалните мрежи сакаат да изнудат податоци од граѓаните

Објавено January 23, 2025 13:44
Сподели
Сподели

ТАВ Македонија“, подружница на „ТАВ аеродроми“, ја информира и ја предупредува јавноста дека има лажни страници и профили на социјалните мрежи, на кои наводно се продава изгубен багаж на Меѓународниот аеродром „Скопје“.

 „Ова се лажни објави на социјалните мрежи преку кои се шират лажни информации за наводна продажба на изгубен багаж во име на Меѓународниот аеродром ‘Скопје’, односно аеродромскиот оператор ‘ТАВ Македонија’, а понатаму корисниците се пренасочуваат на линкови до веб-страници, каде што се бараат лични податоци и детали од банкарски сметки со цел да бидат измамени да направат трансакција. Затоа, апелираме до јавноста да бидат внимателни додека се онлајн, особено кога се бара да ги вметнат своите лични податоци и детали за трансакциски сметки, кои може дополнително да бидат злоупотребени“, велат од ТАВ и додаваат:

 „Како сериозна и одговорна компанија, која се грижи за своите клиенти, ‘ТАВ Македонија’ ќе ги преземе сите правни мерки за заштита на својот углед, особено затоа што во аеродромската дејност изгубениот багаж им се враќа на сопствениците во согласност со утврдена процедура, односно со изгубениот багаж никогаш не се тргува.

 Дополнително, ја потсетуваме јавноста дека сите официјални информации и новости во врска со и за Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ може да се најдат на веб-страницата на Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ https://skp.airports.com.mk/mk-MK/; како и на нашите страници на социјалните мрежи:

фејсбук-страница: https://www.facebook.com/SkopjeAirport;

инстаграм-страница: https://www.instagram.com/skopjeairport/; и

твитер-страница (X): https://x.com/skopjeairport

 Сите други веб-страници и страници на социјалните мрежи на кои луѓето може да наидат лажно се претставуваат и немаат никаква врска со Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ и со дејноста на ‘ТАВ Македонија’“, посочуваат од таму.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митева: Мораме да размислуваме за интересите на државата со разумност и одговорност, а не со политика
Следна Статија Дали веледрогеријата Пановски го уценува македонското здравство со високи цени за онколошка терапија?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стејт департментот: Нема значителни промени во состојбата со човековите права во Македонија

Во најновиот извештај на Стејт департментот на САД за човековите права за 2024 година се наведува дека во Македонија не…

August 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во март помалку приговори за „Безбеден град“ во однос на февруари

Mинатиот месец значително се намалил бројот на поднесени приговори што граѓани и фирми ги поднесуваат до Основниот кривичен суд Скопје…

April 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Проданоски: Граѓаните гласаа за да има правда во државата и тоа се реализира

Во вечерашното гостување на Телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ присуствуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Проданоски кој се осврна на…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Утре пресуда за убиствата на Вања и Панче, што остана неодговорено?

Утре во Кривичниот суд ќе биде изречена пресудата за случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Случај кој…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?