Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Томовски: Го заживуваме комплексот „Македонско село“ каде скопјани и останатите туристи ќе можат да избегаат од градскиот метеж
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Томовски: Го заживуваме комплексот „Македонско село“ каде скопјани и останатите туристи ќе можат да избегаат од градскиот метеж
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Го заживуваме комплексот „Македонско село“ каде скопјани и останатите туристи ќе можат да избегаат од градскиот метеж

Објавено January 24, 2025 09:53
Сподели
Сподели

Претпоставувам дека новата тогашна власт-Социјалдемократскиот сојуз одлучиле она што го направила претходната влада да не функционира, како селото така и многу други објекти и многу други проекти коишто биле изградени, вели Ивица Томовски, директорот на СОЗР и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на своето вчерашно гостување на ТВ Алфа, зборувајќи за комплексот „Македонско село“.

Според него, заради таквото неработење Буџетот на државата е оштетен за некои 30 милиони денари за тој период, дел по основ на ненаплатена кирија, дел по основ на осигурување на објектот и обезбедување на целиот комплекс. Имено ваквиот објект носи загуби со самото негово нефункционирање, а истиот е направен да ги збогати содржините на Скопје кои им се нудат не само на туристите, туку и на домашните посетители.

„На моја иницијатива, на иницијатива на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ние отпочнавме постапка за повторно да заживее селото, направивме проценка, од Бирото за процена самите тие направија проценка колку ќе изнесува таа закупнина месечно, го дадовме тоа на мислење во Секретаријат за законодавство, добивме од секаде позитивно мислење. Во моментов се припрема тендерската документација, очекувам дека во наредните пет, шест дена ќе биде објавена, објавата ќе биде во два весници еден на македонски еден на албански јазик, така да економските оператори кои се заинтересирани ќе можат да настапат“, јасен е Томовски.

Тој појаснува дека за разлика од минатото, кога тоа не било случај сега клучот оди во рацете на економските оператори, притоа целиот комплекс е поделен на четири лотови за да има поголема конкуренција и да се има можност за различни комбинации на туризмот и угостителството во зависност од тоа со што се занимаваат и за што се заинтересирани повеќе операторите.

„Во овие дванаесет автентични куќи коишто ја отсликуваат архитектурата на Република Македонија на мало, на едно место има капацитет од 120 до 150 сместувачки единици каде што може сериозни групи на туристи да се донесат. Има три ресторани, односно има еден автентичен ан, има еден ресторан „Антигона“ којшто е од модерен стил и има винотека односно кафе-бар каде што туристите ќе можат да одморат после ручекот“, презентира Томовски.

Томовски во овој контекст, потсетува и на фактот дека со доаѓањето на новата власт 2017-2018 година, цената на паркингот била покачена од 30 на 100 денари, а после тоа е раскинат и договорот со тогашниот концесионер и оттогаш целиот објект е целосно затворен, без никаков повик и иницијатива за негово повторно заживување.

„По предлог на претседателот на Владата, сите објекти коишто се останати, недовршени, а се од суштинско значење за граѓаните ќе ги преземе Службата за општи и заеднички работи да ги доврши, односно Владата да ги доврши за да бидат во функција. Исто за комплексот факултети односно за тие два објекти ние веќе имаме комуникација со министерката за образование, да направиме некаков пресек и стратегија како најбрзо да го отпочнеме и да го завршиме“, информира Томовски и за останатите паралелни проекти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична пријава поради измама со ортопедски помагала, Фондот оштетен за 8,7 милиони денари
Следна Статија Елмас оди на позајмица во Валенсија, ќе му биде соиграч на Димитриевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе одржи прес-конференција

Денеска 16.03.2025 година (недела) во 18:00 часот претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција во Медија центарот…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Седум амбасадори ќе бидат разрешени од функцијата, Сиљановска-Давкова потпиша укази за нивно отповикување

Укази за отповикување на седум амбасадори од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беа објавени во последниот број на Службен весник,…

November 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Финансии не ни дозволува ниту едно вработување

Мерките што власта ги најавува во правосудството по завршување на локалните избори, државниот обвинител Љупчо Коцевски ги коментира како политички…

November 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хајрулахи за Коцевски: Октроирана фигура која ќе се памети по служењето на криминална банда

Имајки ги предвид законските одредби кои го регулираат начинот на поставување на вршител на должноста раководител на јавно обвинителство, од…

February 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?