Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Од неопходна важност е градењето и воспоставувањето систем за контрола на легалните и нелегалните текови на оружјето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Од неопходна важност е градењето и воспоставувањето систем за контрола на легалните и нелегалните текови на оружјето
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Од неопходна важност е градењето и воспоставувањето систем за контрола на легалните и нелегалните текови на оружјето

Објавено December 10, 2024 17:20
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на 12. регионален координативен состанок за имплементација на патоказот за контрола на мало и лесно оружје во Западен Балкан.

Министерот Тошковски изрази уверување дека овие состаноци регионално ниво поттикнуваат не само продлабочување на регионалната соработка во развојот на вештини и координацијата во борбата против недозволена трговија и нелегално поседување огнено оружје туку и посилна соработка со Европската Унија, нејзините земји членки, агенциите на Европската Унија, како и со клучните меѓународни актери активни во областа на контрола на мало и лесно оружје.

„Општо познато е дека достапноста и незаконската употреба на оружјето ја поткопуваат правдата, ја зголемуваат стапката на криминалот и ризиците од насилство и влијаат на стабилноста на нашите земји. Од неопходна важност во оваа насока е градењето и воспоставувањето систем за контрола на легалните и нелегалните текови на оружјето преку утврдување процедури и механизми. Токму оваа цел ја имаше претходниот патоказ, чие спроведување покажа дека, и покрај остварениот напредок и вложени напори, останува уште значителен дел од работата, кој треба да се заврши со цел надлежните национални тела да ги достигнат највисоките стандарди и да се обезбеди ефикасна контрола на огненото оружје.“, потенцира министерот Тошковски.

Тошковски нагласи дека предизвикот на една од нашите земји е предизвик на сите нас и затоа овој патоказ е регионален, со утврдени недостатоци и цели за нивно надминување, идентификувани добри пракси и модуси за нивно постигнување, воведени стандарди и препораки за нивно исполнување.

„Од овој аспект како навистина успешен се покажа холистичкиот пристап што го воведе SEESAC во контролата на малото и лесно оружје. Неговата успешност се огледува и во фактот што пред неполни два месеца, ние – министрите за внатрешни работи од Западен Балкан – го усвоивме новиот патоказ за одржливо решение за недозволено поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје и муниција 2025 – 2030. Но, ефектот од досегашното спроведување на патоказот под координација на (СЕЕСАК) се должи во голема мера и на одржувањето и ефектуирањето на соработка и партнерства со сите постојни меѓународни и европски фактори активни во оваа област.“, нагласи министерот Тошовски.

Тошковски на крајот изрази уверување дека она што ќе следува во петте следни години на негово спроведување не смее да биде ништо помалку од работа и посветеност на процесот имајќи предвид дека тоа во голема мера ќе ги олеснува и насочува тековните напори за исполнување на клучните безбедносни стандарди за членство во Европската Унија.

Министерот Тошковски на маргините на регионалниот координативен состанок оствари и билатерална средба со Бојана Балон, раководител на (СЕЕСАК) – Агенцијата за контрола на мало и лесно оружје на Југоисточна Европа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДЗС: Трошоците за живот во ноември на годишно ниво пораснале за повеќе од четири проценти
Следна Статија Зеленски: Му кажав на Трамп дека Путин се плаши само од него, и можеби од Кина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Toшковски: Од 120.000 прекршоци пред два месеци дојдовме на 500

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа се обрати на македонските граѓани по повод започнувањето на проектот „Безбеден град“. Тој…

February 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Проф.Груевска им одговори на албанските интелектуалци: Не може јазик што не го разбираат 75 посто од населението да биде на исто рамниште со македонскиот

Професорката од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Симона Груевска се огласи за писмото на албанските интелектуалци до…

December 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кирков: Во ЈУ Зоолошка градина постои туберколоза

Неодамна починаа Лами за кој се установи дека биле заболени од Туберколоза, исто така пред неколку дена почина и младо…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Преговорите со ЕУ нема да ни ги решат сите проблеми, треба сами да ја завршиме домашната задача

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ говорејќи на тема за преговорите со Европската…

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?