Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Отворивме нова канцеларија на управни служби на МВР во Сарај, ги доближуваме услугите поблиску до граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Отворивме нова канцеларија на управни служби на МВР во Сарај, ги доближуваме услугите поблиску до граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Отворивме нова канцеларија на управни служби на МВР во Сарај, ги доближуваме услугите поблиску до граѓаните

Објавено October 12, 2024 14:00
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во рамки на посетата на Полициското одделение во Сарај ја отвори новата канцеларија на управните служби на МВР, која ќе овозможи побрз пристап на граѓаните од овој дел на Скопје до услугите на МВР.

Министерот Тошковски истакна дека отворањето на канцеларијата, трета по ред за краток период, како дел од низа други кои ќе бидат отворени е со цел граѓаните да имаат побрз пристап до документите и услугите кои им се потребни.

„Денеска сме во рамки на Полициското одделение на територија на Општина Сарај и како што и најавивме освен што започнавме со отворање на управни служби во рамки на Општина Јегуновце, Општина Липково, еве денес и во рамки на Општина Сарај започнуваме со спроведување на севкупната акција која е насочена кон доближување на услугите на министерството за внатрешни работи до граѓаните. Од денес, граѓаните на Општина Сарај ќе можат реално да пристапат во рамки на својата Општина, да не треба да патуваат до пунктовите во рамки на градот Скопје, поедноставно и побрзо да го завршуваат процесот на вадење на лични документи. Овде ќе може да се заврши целосниот процес од отпочнување на постапката се до земање на документот, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски нагласи и дека се планира со новиот закон за внатрешни работи и полиција, Полициското одделение во Сарај треба да прерасне во Полициска станица со што ќе се зголеми бројот на полициски службеници што ќе резултира со зголемување на безбедноста во самата општина и околните места.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЗАВРШИЈА ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ ВЛАДАТА И СОНК: Наставниците ќе добијат покачување од 5% од овој месец
Следна Статија Кои биле најбогатите луѓе во Југославија – рекордот го држи граѓанин на Скопје, а на листата нема политичари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Одѕивот на локалните избори за првпат најверојатно нема да надмине 50 проценти во првиот круг

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници, според подфатоците на ДИК, за првпат нема да надмине 50 проценти во првиот…

October 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ги повика сите пратеници да гласаат за распуштање на Судскиот совет

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска од Велес ги повика сите парламентарни политички партии заеднички да работат на реформи во…

February 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Oва се 22-те нови дестинации од скоппскиот и охридскиот аеродром

Отворени се 22 нови авиолинии што ја поврзуваат Македонија со цела Европа, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

February 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството со жалба за куќниот притвор на мотоциклист кој го прегази Југослав на пешачка патека

Обвинителството поднело жалба за определената мерка куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка…

July 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?