Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Почнуваат силни сообраќајни контроли, сите како општество да креираме побезбеден сообраќај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Почнуваат силни сообраќајни контроли, сите како општество да креираме побезбеден сообраќај
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Почнуваат силни сообраќајни контроли, сите како општество да креираме побезбеден сообраќај

Објавено February 7, 2025 08:45
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа ги посети полициските службеници кои учествуваат во обемната акција која МВР ја започна од вчера на силни сообраќајни акциски контроли низ главниот град.

„Седумнаесет главни булевари и улици ќе се покриваат интензивно од страна на МВР во делот на сторени сообраќани прекршоци од сите учесници во сообраќајот. Фокусирано сме булеварите бидејќи тие се црните точки каде најчести се случуваат сообраќајните несреќи и одземаат човечки животи. Упатувам апел до сите учесници во сообраќајот, особено до возачите, да бидат внимателни, да ги почитуваат доследно сообраќајните правила, да не управуваат возила надвор од дозволената брзина, да не поминуваат на црвено, да не забрзуваат на жолто, да не управуваат возила под дејство на алкохол, бидејќи највредното нешто што го имаме во државата се луѓето и човечкиот живот“, истакна министерот и притоа упати пораки до сите учесници во сообраќајот.

Министерот Тошковски потенцираше дека МВР ќе преземе голем број дејствија во рамки на своите надлежности и ќе делува максимално активно и превентивно во дејствијата со цел намалување на жртвите во сообраќајот.

-Минатата година има 142 жртви во сообраќајни несреќи. Тоа се страшни бројки. Сите како општество мора да се фокусираме тие бројки да се намалат. Имаме начин како да се намалат овие бројки. Интензивно работиме на имплементација на проектор „Безбеден град“ кој ќе прерасне во „Безбедна држава“. Овој проект апсолутно ќе помогне во зачувување на човечките животи и во зголемувањето и имплементирање на сообраќајна култура која ни е потребна. Сигурен сум дека во иднина со макотрпна работа, реализација на планираните проекти и усогласување на законската регулатива во иднина ќе имаме значително помали бројки на жртви од сообраќајни незгоди,  на крај истакна министерот Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доналд Трамп воведува санкции врз Меѓународниот кривичен суд
Следна Статија (Видео) Грабеж на банка во Мостар, чуварот со голи раце тргнал кон вооружениот разбојник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

УТРЕ Е ПЕТРОВДЕН: Најголемиот празник по Велигден, а ова се обичаите

Големиот православен празник посветен на Св. Апостол Петар што секогаш се одбележува на 12 јули се смета за еден од…

July 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

По изгласаната недоверба: Се бараат оставки од Дамева, Црвенковска, Мустафа, Чачарова – Илиевска и Адеми

Морална одговорност и напуштање на позициите очекува премиерот Христијан Мицкоски од петмината членови на Судскиот Совет, на кои им беше…

March 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Силно невреме со град го зафати регионот меѓу Куманово и Скопје

Нов бран на силна нестабилност попладнево го зафати регионот меѓу Куманово и Скопје, каде радарските снимки покажуваат интензивни процеси проследени…

June 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Гиновска: Има надминување на дозволените вредности на гасовите во воздухот од пожарот во Трубарево, а за присуството на тешки метали ќе се знае во петок

Првичните резултати од мерењето на гасовите во воздухот од примероци земени на денот на пожарот во компанијата Ф-Групација во Трубарево…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?