Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Традиционален концерт по повод Василица во Националната опера и балет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Традиционален концерт по повод Василица во Националната опера и балет
ЗАБАВА

Традиционален концерт по повод Василица во Националната опера и балет

Објавено December 31, 2024 18:40
Сподели
Сподели

На 11 и 13 јануари 2025, со почеток во 20 часот, ќе се одржи Традиционалниот концерт по повод празникот Василица. Годинава се одбележуваат 30 години од првото одржување на традиционалниот концерт по повод празникот Василица, кој првично беше презентиран како програмски концепт во 1995 година на сцената на МОБ и низ годините потоа стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.

Традицијата ќе продолжи и годинава, па така, нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии и дуети од светски познатите дела од композиторите Џ. Верди, Ф. Чилеа, Џ. Пучини, П. Маскањи, Г. Доницети и други. Под диригентската палка на гостинот од Шпанија, Оливер Диаз, врвен диригент, добитник на голем број престижни награди и признанија, ќе настапат гостите од Шпанија Ирене Палазон, сопранистка, и Хозе Луис Сола, тенор, заедно со оркестарот на Националната опера и балет – велат од НОБ.

Ирене Палазон, сопранистка од Шпанија, позната по својата изразена вокална техника, има кариера што вклучува настапи на водечки оперски сцени во Европа и е препознатлива по својот чист тон, техничка прецизност и емотивна изведба. Палазон е позната по своите улоги во оперите како „Травијата“, „Кармен“ и други класични и современи дела. Со време, таа го изградила своето име како една од водечките шпански сопранистки, со настапи во некои од најпознатите театри во Шпанија и пошироко.

Хосе Луис Сола е познат шпански тенор, кој своето музичко образование го започнува во Детскиот хор во Навара, а потоа продолжува со усовршување на техниката на пеење под менторство на познатиот тенор Рикардо Висус. Неговата кариера вклучува настапи во различни оперски и симфониски дела, а тој се истакнува со својата разновидност во класичниот и оперски репертоар, со посебен фокус на дела од Моцарт, Доницети, Верди, Бизе, Гуно и други. Сола има настапувано на престижни сцени и со различни оркестри, освојувајќи признанија за своите моќни и емоционални изведби. Познат е и по своите настапи во светот на сакралната и хорската музика, што го збогатува неговиот опус.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МНТ одбележува 80 години во јануари
Следна Статија Домаќинствата најмногу трошат на храна и пијалоци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

На листата на најдобрите печива во светот има и специјалитет од Македонија (ФОТО)

Интернет-страницата TasteAtlas, која со оценување на традиционални јадења од целиот свет дава увид во гастрономските специјалитети, често објавува листи на…

August 22, 2025
ЗАБАВА

Шест нови обвиненија за Диди

Американското Обвинителство денеска поднесе најмалку шест нови обвиненија пред Федералниот суд на Менхетен против Шон „Диди“ Комбс. Тој, меѓу другото,…

October 15, 2024
ЗАБАВА

Најубавата Русинка на светот се разведува од 28-години постариот милијардер

Лена Перминова (38), најуспешната руска манекенка, објави дека се разведува од сопругот, рускиот милијардер Александар Лебедев (65), по повеќе од…

January 5, 2025
ЗАБАВА

Меган Маркл продолжува да ја гради својата деловна империја: Нејзината цел е да стане милијардерка

Меган Маркл, поранешна членка на британското кралско семејство, забрзано ја гради својата деловна империја со цел да стане милијардерка. Според…

March 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?