Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Традиционален концерт по повод Василица во Националната опера и балет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Традиционален концерт по повод Василица во Националната опера и балет
ЗАБАВА

Традиционален концерт по повод Василица во Националната опера и балет

Објавено December 31, 2024 18:40
Сподели
Сподели

На 11 и 13 јануари 2025, со почеток во 20 часот, ќе се одржи Традиционалниот концерт по повод празникот Василица. Годинава се одбележуваат 30 години од првото одржување на традиционалниот концерт по повод празникот Василица, кој првично беше презентиран како програмски концепт во 1995 година на сцената на МОБ и низ годините потоа стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.

Традицијата ќе продолжи и годинава, па така, нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии и дуети од светски познатите дела од композиторите Џ. Верди, Ф. Чилеа, Џ. Пучини, П. Маскањи, Г. Доницети и други. Под диригентската палка на гостинот од Шпанија, Оливер Диаз, врвен диригент, добитник на голем број престижни награди и признанија, ќе настапат гостите од Шпанија Ирене Палазон, сопранистка, и Хозе Луис Сола, тенор, заедно со оркестарот на Националната опера и балет – велат од НОБ.

Ирене Палазон, сопранистка од Шпанија, позната по својата изразена вокална техника, има кариера што вклучува настапи на водечки оперски сцени во Европа и е препознатлива по својот чист тон, техничка прецизност и емотивна изведба. Палазон е позната по своите улоги во оперите како „Травијата“, „Кармен“ и други класични и современи дела. Со време, таа го изградила своето име како една од водечките шпански сопранистки, со настапи во некои од најпознатите театри во Шпанија и пошироко.

Хосе Луис Сола е познат шпански тенор, кој своето музичко образование го започнува во Детскиот хор во Навара, а потоа продолжува со усовршување на техниката на пеење под менторство на познатиот тенор Рикардо Висус. Неговата кариера вклучува настапи во различни оперски и симфониски дела, а тој се истакнува со својата разновидност во класичниот и оперски репертоар, со посебен фокус на дела од Моцарт, Доницети, Верди, Бизе, Гуно и други. Сола има настапувано на престижни сцени и со различни оркестри, освојувајќи признанија за своите моќни и емоционални изведби. Познат е и по своите настапи во светот на сакралната и хорската музика, што го збогатува неговиот опус.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МНТ одбележува 80 години во јануари
Следна Статија Домаќинствата најмногу трошат на храна и пијалоци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

K-15 – Toso i Mile go tepaat Cacko

Сите нивни видеа се легендарни!

February 24, 2025
ЗАБАВА

(видео) КОЛУМБИЕЦ ЈА ПЕЕ „СЕ СОБРАЛЕ КОМИТИТЕ“: Немам македонски корени, но чест ми е преку песна да ја славам Македонија

Колумбиец кој годинава ја посетил Македонија се заљубил во македонската музика и сега со својот бенд пее македонски песни низ…

November 19, 2024
ЗАБАВА

Инсајдер открива 10 впечатливи надградби за Galaxy S26 Ultra

Врвниот Samsung Galaxy S26 Ultra ќе биде значително подобрен во споредба со минатогодишниот модел

January 3, 2026
ЗАБАВА

Зимска идила на „Галичица“ надополнета со стадо елени

Убавата зимска идила од Националниот парк Галичица, која ја збогатува стадо елени во снежниот предел на планината. На видеото објавено…

January 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?