Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трагичен крај на потрагата – Лидија пронајдена мртва
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Трагичен крај на потрагата – Лидија пронајдена мртва
ХРОНИКА

Трагичен крај на потрагата – Лидија пронајдена мртва

Објавено January 15, 2025 11:50
Сподели
Сподели

24инфо.мк пренесе дека жената која пред неколку денови беше пронајдена во водите на реката Вардар кај Зелениково е всушност Лидија од скопското село Јурумлери.

Потврда за тоа 24инфо добиле од нејзините најблиски.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека е пронајдено телото на нашата сестра Лидија. Засега тоа е единствениот официјален податок кој го имаме, не знаеме како и од што починала, кога ќе имаме официјални новости од надлежните служби, ќе ги соопштиме за јавност.
Сите сме потресени, но истовремено, му благодариме на Бога што ни ја врати назад, барем да ја погребаме достоинствено. Периодот на неизвесност кој го минавме, а и ова кое се случува сега, никому не го посакуваме. Премногу е тешко…
Благодариме на сите кои ни пружија поддршка во тешките моменти додека ја баравме нашата сестра, на сите кои се ставија во наша кожа и покажаа грижа и разбирање, истакнаа братот и сестрата на Лидија.

Лидија (43) исчезна минатата година на осми ноември, а последен пат била видена на автобуската станица во селото Јурумлери.

Потрагата по неа траеше со месеци, а нејзиниот брат и нејзината сестра бараа и меѓународна помош за нејзино пронаоѓање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Русија изврши масовен воздушен напад врз украинската енергетска инфраструктура
Следна Статија Новогодишната кошница беше успешна, оцени Министерството за економија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Битолското обвинителство отвори предмет за фотографијата на заменик-директорот на „Македонија пат“ со застрелана мечка

Основното јавно обвинителство во Битола отвори предмет за случајот со застреланата мечка и фотографијата на која позира Сашо Дранго, заменик-директор…

January 3, 2025
ХРОНИКА

Татко ми и Велибор имаа спор, вели ќерката на убиениот Панче Жежоски

Ќерката на убиениот Панче Жежовски, Ана Киркова, денеска сведочеше на судењето за убиството на Вања и Панче. Таа изјави дека…

October 14, 2024
ХРОНИКА

Има тешко повредени: Сообраќајна несреќа на регионален пат Тетово-Јажинце

На 13.09.2025 годинa во 09:40 часот во СВР Тетово e пријавено дека на регионален пат Тетово-Јажинце, во с.Теарце се случилa…

September 14, 2025
ХРОНИКА

Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел да земе пари

Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар. Маж со закана со огнено оружје…

November 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?