Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трајков во посета на фондацијата на Фидес: Важна е улогата на граѓанското општество во европските интеграции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Трајков во посета на фондацијата на Фидес: Важна е улогата на граѓанското општество во европските интеграции
МАКЕДОНИЈА

Трајков во посета на фондацијата на Фидес: Важна е улогата на граѓанското општество во европските интеграции

Објавено November 19, 2024 11:45
Сподели
Сподели

Зголемување на соработката, размена на искуства за европската интеграција, поддршка на граѓанското општество, прашања поврзани со јакнењето на демократијата и владеењето на правото. Овие теми беа во фокусот на разговорите меѓу заменик министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков со претставници на Фондацијата за граѓанска Унгарија, која е партиска фондација на унгарската владејачка партија Фидес.

На состанокот, доцент д-р Трајков истакна дека нашата земја е целосно посветена на реформските процеси неопходни за напредокот кон Европската Унија, нагласувајќи дека партнерствата со организации како Фондацијата за граѓанска Унгарија можат да дадат значителен придонес во споделувањето добри практики и поддршка на граѓанските иницијативи кои го поттикнуваат демократскиот развој на земјата.

Таа ја подвлече важноста на зајакнување на улогата на граѓанското општество во европските интеграции, вклучително и зголемување на капацитетите на организациите кои работат на овие прашања.

Претставниците на Фондацијата за граѓанска Унгарија ја истакнаа својата подготвеност да ги споделат своите искуства од соработката со други земји во регионот, како и во поддршката на програми за градење капацитети во јавните институции и граѓанскиот сектор.

Тие ја изразија поддршката на Унгарија за европските аспирации на Северна Македонија, потенцирајќи дека интеграцијата на Западен Балкан е клучна за стабилноста и просперитетот на Европа.

Двете страни се согласија дека континуираната поддршка за граѓанскиот сектор е основа за успешно приближување кон Европската Унија и изразија подготвеност за идни иницијативи и програми насочени кон промовирање на европските вредности во нашата држава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маж почина во пожар во неговата куќа
Следна Статија Мицкоски: Постигнат историски договор за платите на здравствените работници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Новогодишно обраќање на Мицкоски: 2025 година ќе биде година на раст, ред и интеграција (ВИДЕО)

Почитувани граѓани на Македонија, драги мои сограѓани, драги пријатели, измина уште една година зад нас. 2024 година беше година на…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Родителите бараат одговори – Дали децата во „Пулс“ загинаа од цијанид?

Една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, семејствата на жртвите сè уште немаат одговори за причините за смртта…

April 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Општина Тетово од парите на граѓаните и донираше 23.000 евра на ИВЗ за да си го покрие данокот на промет

Општина Тетово донесе одлука да ѝ донира на Исламската верска заедница (ИВЗ) точно 1.444.484 денари (над 23.000 евра). Овој износ…

June 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

ЈО: Обвинение против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе…

February 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?