Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп до светските компании: Произведувајте во САД или ќе се соочите со царини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп до светските компании: Произведувајте во САД или ќе се соочите со царини
СВЕТ

Трамп до светските компании: Произведувајте во САД или ќе се соочите со царини

Објавено January 23, 2025 23:28
Сподели
Сподели

Доналд Трамп порача до компаниите во светот дека ако не произведуваат во САД, ќе се соочат со царини во вредност од „билиони долари“.

Тоа би значело воведување на универзални тарифи, од кои многумина стравуваат, а кои би влијаеле на целиот свет.

САД ќе бидат светска престолнина на вештачката интелигенција и криптовалутите… Дојдете и правете ги вашите производи во Америка, но ако не, тоа е ваша одлука. Но, многу едноставно, ќе плаќате тарифи во различни износи, што ќе насочи стотици милијарди, дури и биллиони долари во нашата каса“, рече Трамп во обраќањето во Давос.

„Ја сакам Европа, но таа се однесува многу неправедно со Америка“

Трамп упати и критики до Европската Унија.

Рече дека царините и даноците во европските земји се превисоки, нивните регулативи се рестриктивни, трговскиот дефицит со САД е преголем и дека тужбите против американските компании како Гугл се неправедни.

Планираме да направиме нешто околу тоа. Се обидувам да бидам конструктивен бидејќи ја сакам Европа. Ги сакам европските земји, но процесот е многу комплициран и тие се однесуваат кон САД многу, многу неправедно“, рече Трамп.

„Сè што сакаме од Кина е праведност“

Трамп беше прашан за односите меѓу САД и Кина.

„Сè што сакаме е праведност“, рече тој. „Ние само сакаме еднакви услови за игра“, додаде.

Трамп, исто така, рече дека се надева оти Кина може да им помогне на САД да ја прекинат војната меѓу Русија и Украина.

„Тие имаат големо влијание врз оваа ситуација“, рече тој.

Додаде дека сака да работи со Кина за денуклеаризација, истакнувајќи дека другите светски лидери, вклучително и рускиот претседател Владимир Путин, ќе ја поддржат идејата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филмот „Емилија Перез“ доби 13 номинации за годинашниот Оскар
Следна Статија Федерален судија ја блокира наредбата на Трамп за укинување на правото на државјанство по место на раѓање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Маск ги објави резултатите од тестот за дрога

Американскиот мултимилијардер Илон Маск на социјалната мрежа „Икс“ ги објави резултатите од тестот за дрога. „Лол“, напиша Маск споделувајќи фотографија…

June 17, 2025
СВЕТ

Маск предложи тестирање на менталните способности на сите државни службеници во САД

Илон Маск предложи да се воведе тестирање на менталните способности на службениците во САД. Иницијативата доаѓа откако 81-годишната конгресменка од…

December 23, 2024
СВЕТ

Предупредувањето за цунами е повлечено по последниот земјотрес во североисточна Јапонија

Два бранови од 20 cm беа забележани на локации покрај северниот брег на Јапонија пред да биде повлечен советот

December 13, 2025
СВЕТ

Егзекутиран новинар во Саудиска Арабија за објави на “Твитер”

Саудиска Арабија егзекутираше новинар во саботата откако највисокиот суд во земјата ја потврди смртната казна, соопшти државната новинска агенција. Истакнатиот…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?