Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп го назначи Дејвид Сакс за советник за вештачка интелигенција и криптовалути
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп го назначи Дејвид Сакс за советник за вештачка интелигенција и криптовалути
СВЕТ

Трамп го назначи Дејвид Сакс за советник за вештачка интелигенција и криптовалути

Објавено December 6, 2024 11:00
Сподели
Сподели

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе го постави поткастерот и поранешен главен оперативен директор на „Пејпал“ (PayPal), Дејвид Сакс, за „цар за вештачка интелигенција и криптовалути во Белата куќа“. 

Трамп одлуката ја соопшти на неговата платформа Трут соушл (Truth Social) каде што, меѓу другото, наведе дека вештачката интелигенција (ВИ) и криптовалутите се две области клучни за иднината на американската конкурентност. 

Сакс, кој важи за човек од доверба на милијардерот Илон Маск, ќе биде задолжен САД да станат јасен лидер на светскиот пазар во бизнисот со вештачка интелигенција и дигитални валути. 

„Дејвид ќе се фокусира на тоа Америка да стане глобален лидер во двете области. Тој ќе ја брани слободата на говорот на интернет и ќе нè оддалечи од предрасудите и цензурата на големите технолошки компании“,рече Трамп. 

Сакс, исто така, ќе биде задолжен за создавање правна рамка за криптоиндустријата со цел таа да може да напредува во САД, а ќе го предводи и советодавниот одбор на идниот претседател за наука и технологија. 

Маск и Сакс беа големи поддржувачи на претседателската кампања на Трамп, кои собираа и донираа милиони американски долари. Сега, како што пишува „Гардијан“, Трамп продолжува со шемата на наградување на неговите големи донатори доделувајќи им функции во неговата идна администрација. 

Од победата на Трамп на изборите на 5 ноември, инвеститорите во биткоин слават откако вредноста на дигиталната валута се искачи од 70 000 долари пред американските избори во ноември на највисоко ниво од над 100 000 долари оваа недела.

Еуфоријата беше поттикната од најавата на Трамп дека ќе го постави застапникот за дигитални валути Пол Аткинс за шеф на моќната американска Комисија за хартии од вредност. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Десет фирми за пет години добиле тендери за една милијарда евра
Следна Статија Муцунски: Доколку го ставиме фокусот на реални реформи, ќе бидеме една од земјите која најбрзо ќе се движи кон полноправно членство во Унијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Израел: Нема да ги ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

Израел денеска објави дека го одложува ослободувањето на стотици палестински затвореници додека милитантната група Хамас не ги исполни своите услови.…

February 23, 2025
СВЕТ

Белата куќа: На Трамп му се дијагностицирани проблеми со вените

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е прегледан за оток во долниот дел од нозете и модринки на рацете, изјави денеска…

July 17, 2025
СВЕТ

(Видео) Започна состанокот меѓу САД, Украина и Турција во Истанбул

Трилатерален состанок на високо ниво меѓу делегациите од Турција, САД и Украина започна во петокот во Истанбул под водство на…

May 16, 2025
СВЕТ

По четири години војна во Украина се надзира ли мирот?

Рускиот напад врз Украина во 2022 година беше почеток на најголемата војна во Европа по 1945 година. Утрото на 24…

February 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?