Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп го нoминира лојалниот Каш Пател за шеф на ФБИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп го нoминира лојалниот Каш Пател за шеф на ФБИ
СВЕТ

Трамп го нoминира лојалниот Каш Пател за шеф на ФБИ

Објавено December 1, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп има намера да го назначи лојалниот сорабтоник Каш Пател за следен директор на ФБИ, изјави тој самиот синоќа.

Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“ синоќа го најави поранешниот советник и функционер во Пентагон, кој беше критичар на работата на федералната истражна агенција и е познат по неговите контроверзни ставови за владината „длабока држава“, како свој избор за оваа функција.

Актуелниот директор на ФБИ, Кристофер Вреј, од 2017 е на функцијата и е назначен со 10-годишен мандат, што значи дека или ќе мора да поднесе оставка или да биде сменет.

ФБИ под раководство на Вреј, кој беше назначен од Трамп, го истражуваше идниот претседател, што го предизвика гневот на Трамп.

„Каш е брилијантен адвокат, истражувач и борец за „Америка на прво место“, кој ја помина својата кариера откривајќи ја корупцијата, бранејќи ја правдата и штитејќи го американскиот народ“, напиша Трамп на „Truth Social“.

Пател, како ревносен бранител на новоизбраниот претседател, ја поддржува републиканската тврдоглава идеја за анти-Трамп „длабоката држава“ – наводно пристрасни владини бирократи кои зад сцената работат против Трамп, па дури тој напиша и книга на оваа тема.

Како син на индиски имигранти, Пател имаше неколку високи позиции за време на првиот мандат на Трамп, вклучително и советник за национална безбедност и шеф на кабинет на секретарот за одбрана.

„Каш направи неверојатна работа за време на мојот прв мандат“, рече Трамп, додавајќи дека Пател ќе работи на „да стави крај на растечката епидемија на криминал во Америка, да ги разбие мигрантските банди и да го запре злото на трговијата со луѓе и дрога преку границата“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицотакис: Верувам дека Северна Македонија ќе сфати дека не е во нејзин интерес да го следи ставот што создава проблеми со Грција
Следна Статија Хрватската старлета Ава Карабатиќ се кандидира за претседател?!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Америка се повлекува од мировните преговори меѓу Русија и Украина

САД повеќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија откако Владимир Путин одби да се согласи на…

May 2, 2025
СВЕТ

Аргентинците излегуваат на избори, Трамп порача: Ако не победи Милеј, нема ни долар помош

Аргентина, втората најголема држава во Јужна Америка, утре ќе одржи избори на кои се избира половина од пратениците во долниот…

October 25, 2025
СВЕТ

Зеленски: Му кажав на Трамп дека Путин се плаши само од него, и можеби од Кина

Претседателот на Украина Володимир Зеленски му рекол на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека рускиот лидер Владимир Путин се „плаши“…

December 10, 2024
СВЕТ

Паднал низ прозорец: Загина потпретседател на руска нафтена компанија

Потпретседателот на Транснефт, руската државна компанија која има монопол врз транспортот на нафта, почина откако наводно паднал од прозорецот на…

July 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?