Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп издаде наредба за враќање во служба на војниците кои одбиваа да се вакцинираат од Ковид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп издаде наредба за враќање во служба на војниците кои одбиваа да се вакцинираат од Ковид
СВЕТ

Трамп издаде наредба за враќање во служба на војниците кои одбиваа да се вакцинираат од Ковид

Објавено January 29, 2025 16:25
Сподели
Сподели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде наредба за враќање во служба на воените лица кои биле отпуштени поради одбивање да се вакцинираат од Ковид.

Во 2021 година, откако Пентагон ја направи вакцинацијата задолжителна, илјадници војници беа отпуштени затоа што не сакаа да се вакцинираат.

Во претседателскиот указ се нагласува дека „барањето за вакцинација било неправедно, прекумерно широко и сосема ненужно оптоварување“ за американските војници.

За многу од нив требало да биде направен исклучок, но тоа не се случило и тие биле отпуштени, се додава во документот.

Указот ќе овозможи враќање на сите војници (активни и резервни), отпуштени само поради тоа што не сакале де се вакцинираат и кои побарале враќање на служба.

Според указот, војниците можат да го вратат своето поранешно звање и да добијат целосен паричен надомест, бенефиции, бонуси или компензации.

Војниците кои презентирале докази дека доброволно ја напуштиле службата наместо да се вакцинираат според мандатот, ќе можат да се вратат на служба без последици за нивниот службен статус, звање или плата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Изградба на патниот правец Тетово-Призрен, обнова на железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина – Николоски на Косово
Следна Статија Три лека од оние што недостасуваат се очекуваат денеска и утре на УКРО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп до министрите: Вие сте задолжени за отпуштањата, ако не ги решите, тогаш Маск ќе ги реши

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажа на членовите на неговиот кабинет дека тие се одговорни за кратењето на работните места,…

March 7, 2025
СВЕТ

Федерален суд во САД ги блокираше царините наметнати од Трамп, тој веќе поднесе жалба на судската одлука

Федерален судија во САД го блокираше стапувањето во сила на реципрочните царини воведени на 2 април од страна на американскиот…

May 29, 2025
СВЕТ

Човекот кој најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме

Фридрих Мерц (ЦДУ), конзервативниот фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот…

February 7, 2025
СВЕТ

Зеленски: Средбата со Трамп во Ватикан би можела да биде историска

Трамп и Зеленски седнаа на разговори во Ватикан. На маргините на погребот на папата Франциск, двајцата лидери ја искористија приликата…

April 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?