Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Израел треба да ги нападне иpанcките нyклеаpни поcтројки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Израел треба да ги нападне иpанcките нyклеаpни поcтројки
СВЕТ

Трамп: Израел треба да ги нападне иpанcките нyклеаpни поcтројки

Објавено October 5, 2024 17:55
Сподели
Сподели

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп смета дека Израел треба да ги нападне иранските нуклеарни постројки како одговор на неодамнешниот ракетен напад на Иран.

Трамп ова го изјави во петокот на предизборен митинг во американската сојузна држава Северна Каролина, коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека нема да поддржи никакви израелски напади врз иранските нуклеарни локации како одговор на ракетниот напад на Иран врз Израел, пренесува Фокс њуз.

Трамп оцени дека Бајден згрешил кога рекол дека иранските нуклеарни локации не треба да бидат цел, наведувајќи дека овие локации треба да бидат цел бидејќи нуклеарното оружје претставува најголем ризик.

„Кога му го поставија тоа прашање, одговорот требаше да биде, прво нападнете ја нуклеарната централа, а подоцна грижете се за останатото“, рече Трамп.
Бајден, исто така, во четвртокот рече дека САД разговараат со Израел за опции за одговор на иранскиот напад врз Израел, кој го вклучува и нападот на Израел врз иранските нафтени постројки, што доведе до зголемување на цената на нафтата.

Иран во вторникот лансираше повеќе од 180 ракети кон Израел, велејќи дека тоа е одмазда за убиствата на лидерите на Хезболах и Хамас, како и за агресијата во Газа и Либан.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека Иран ќе „плати“ за нападот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трагедија во Гостивар, почина шестгодишно момче, му се слошило на тренинг
Следна Статија Мицкоски: Есенската потрошувачка кошничка и ниската инфлација придонесуваат за подобар стандард на граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

Маж со оружје беше снимен пред продавница „Волмарт“ во Флорида, еден од првите што ја искористи новата дозвола за носење…

September 27, 2025
СВЕТ

Американската војска одново го нападна Иран, Иранците се закануваат со одмазда

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран, насочени кон места за лансирање ракети и бродови кои се обидувале…

May 26, 2026
СВЕТ

Пронајдена една од црните кутии од авионот што се урна кај Вашингтон

Нуркачки тим пронашол една од двете црни кутии од патничкиот авион кој се урна во реката Потомак по судирот со…

January 30, 2025
СВЕТ

Една недела до изборите, мртва трка меѓу Харис и Трамп: „Ова е како фрлање паричка“

Камала Харис и Доналд Трамп влегуваат во последната недела од најдраматичната и најполаризирачка трка за Белата куќа во модерната историја.…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?