Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп пристигна во Вашингтон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп пристигна во Вашингтон
СВЕТ

Трамп пристигна во Вашингтон

Објавено January 19, 2025 11:36
Сподели
Сподели

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера вечерта пристигна во Вашингтон на почетокот на прославите за неговото враќање на власт, два дена пред церемонијата на неговата инаугурација.

Трамп пристигна од Флорида со авион на американското воено воздухопловство испратен од претседателот во заминување Џо Бајден. Со него на летот во саботата беа неговата сопруга Меланија, ќерката Иванка и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер.

По пристигнувањето на аеродромот Далес, Трамп отпатува до својот голф клуб во Стерлинг, Вирџинија, на околу 50 километри од Вашингтон.

Таму, заедно со 500 гости, го забавуваше имитаторот на Елвис, Лео Дејс, по што следеше огномет.

Пред да пристигне во Вашингтон, Трамп во телефонски разговор за Ен-Би-Си вети дека ќе потпише рекорден број извршни наредби веднаш по положувањето заклетва. Тој рече дека може да има околу стотина од нив.

Депортирање милиони илегални имигранти, зголемување на тарифите за соседните Мексико и Канада и ривалската Кина, дерегулацијата на енергијата и климата, помилувањето на своите поддржувачи за нападот на Капитол во јануари 2021 година, Доналд Трамп најави дека ќе повлече многу од одлуките и политиките на неговата претходникот Џо Бајден.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Тик-ток“ не е достапен во САД
Следна Статија (ВИДЕО) Мартин Гоџовски од Варош го фати крстот во Охрид 

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Семејство од Роаноук тужи авиокомпании поради наводен напад со крпачи за време на летот

Семејство од Роаноук поднесе тужба против авиокомпании, тврдејќи дека целото семејство било каснато од крпачи за време на нивниот лет.

December 28, 2025
СВЕТ

Трамп ги избра државниот секретар, секретарот за правда и шефот на разузнавачката служба

Републиканскиот сенатор Марко Рубио нов државен секретар, претставникот Мет Гаец секретар за правда и Тулси Габард шеф на разузнавачката заедница…

November 14, 2024
СВЕТ

Трамп: САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја исклучува можноста за распоредување на американски војници на украинска територија, но не ја…

August 20, 2025
СВЕТ

Шефот на „Ферари“ ќе служи општествено корисна работа и ќе плати милиони за наследство

Претседателот на „Ферари“ и групацијата „Стелантис“, Џон Елкан, се согласи на една година општествено корисна работа и, заедно со својот…

September 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?