Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп тврди дека жителите на Гренланд сакаат да бидат со САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп тврди дека жителите на Гренланд сакаат да бидат со САД
СВЕТ

Трамп тврди дека жителите на Гренланд сакаат да бидат со САД

Објавено January 26, 2025 10:55
Сподели
Сподели

Грендландците би сакале да бидат дел од Соединетите држави, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето во авионот „Air Force One“, објавија во неделата новинарите кои патуваа со претседателот.

„Мислам дека Гренланд ќе биде со нас. Мислам дека ќе го имаме. И мислам дека луѓето сакаат да бидат со нас, како што знаете. Има 55.000 луѓе таму, кои сакаат да бидат со нас“, рекол Трамп.

Додал дека всушност не знае какви права има Данска врз автономната територија, но додаде дека данското одбивање би било „многу непријателски чин“.

Гренландскиот премиер Муте Егеде претходно изјави дека народот на Гренланд ќе одлучува за иднината на територијата. Данската премиерка Мете Фредериксен ги поддржа неговите изјави.

Висок воен претставник на Европската унија, генералот Роберт Бригер, рече дека би имало смисла да се стационираат и сили од земјите на ЕУ на Гренланд, според интервјуто за германски весник Welt am Sonntag објавено во саботата, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп изрази интерес за преземање на данската територија.

„Според мене, би било сосема логично не само да има американски сили на Гренланд, како што беше случај досега, туку и да размислиме за стационирање војници на ЕУ таму во иднина“, рече претседателот на Воениот комитет на Европската унија.

„На крајот на краиштата, за таков чекор ќе биде потребна политичка одлука“, вели генералот со австриско потекло.

Воениот комитет е највисоката воена канцеларија на Европскиот совет, но служи како советодавно тело бидејќи Унијата нема своја армија. НАТО предводен од САД е главниот воен сојуз за ЕУ.

Иако Гренланд не е дел од ЕУ, бидејќи е прекуморска територија на Данска, Европејците, како и САД, имаат интереси во Гренланд, додава генералот, наведувајќи ги нејзините суровини и стратешката локација.

„Меѓутоа, со зголеменото топење на мразот како резултат на климатските промени, тоа исто така создава одреден потенцијал за тензии со Русија, а можеби и со Кина“, вели генералот Бригер.

Трамп не ја отфрли можноста да користи воен или економски притисок за да ја принуди Данска да го предаде островот. Стратешката локација на Гренланд по најкратката рута од Европа до Северна Америка е од витално значење за американскиот систем за предупредување за балистички ракети и го направи приоритет за Трамп.

Бригер вели дека се надева дека САД, како членка на Обединетите нации, ќе ја почитуваат неповредливоста на границите како што е наведено во Повелбата на ОН.

Гренланд, најголемиот остров во светот, во голема мера се самоуправува под данската круна, а одбраната и надворешните работи ги осигурува Данска. Во моментов САД имаат воена база на северот од островот.

„Во моментов имате руски бродови, имате кинески бродови, имате бродови од различни земји. Тоа не е добра ситуација и верувам дека ќе ја добиеме (Гренланд)“, рекол Трамп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ објави доказ за повредата: За сите спортски „експерти“… (ФОТО)
Следна Статија Доларот ослабе во однос на кошницата валути, еврото скокна повеќе од 2 отсто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Брижит Макрон повторно во центар на скандал: Ги нарече феминистките „глупави кучки“

Француската прва дама Брижит Макрон беше критикувана поради виралното видео во кое ги нарече феминистичките активистки кои го прекинаа настапот…

December 9, 2025
СВЕТ

Пожарникарите поставија оџак на покривот на Сикстинската капела во Ватикан

Процесот на подготовка за конклавата за избор на нов папа продолжува, при што денеска беше поставен оџакот на Сикстинската капела,…

May 2, 2025
СВЕТ

Ја земале чашата, го избришале столот: Телохранителите на Ким Јонг Ун ја уништиле секоја трага за средбата со Путин

Персоналот на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун, експресно ги отстранил сите траги од престојот на Ким во собата со рускиот…

September 3, 2025
СВЕТ

Четворица загинати во серија лавини на северот од Италија

Четири лица загинале, а неколку се повредени во серија лавини на северот од Италија. Во алпскиот регион Валтелина, лавина погодила…

February 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?