Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трудо: САД ги одложуваат новите царини за Канада за најмалку 30 дена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трудо: САД ги одложуваат новите царини за Канада за најмалку 30 дена
СВЕТ

Трудо: САД ги одложуваат новите царини за Канада за најмалку 30 дена

Објавено February 4, 2025 08:24
Сподели
Сподели

САД ќе ја одложат примената на новите царини за канадските производи најмалку 30 дена, соопшти денеска канадскиот премиер Џастин Трудо по телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

– Имплементацијата на предложените царини ќе биде одложена најмалку еден месец додека работиме заедно на ситуацијата, изјави Трудо.

Канада прифаќа нови обврски, вклучително назначување службеник одговорен за проблемот со фентанил, додавање на мексиканските картели на списокот на терористички организации и создавање заедничка работна група со САД за борба против организираниот криминал, трговијата со фентанил и перењето пари, посочи Трудо во изјава на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека во разговорот со Трамп ветил дополнителна соработка во областа на граничната безбедност. Одлуката доаѓа откако вчера беше објавено слично одложување за Мексико.

Од своја страна, Трамп изјави дека разговорот со Трудо поминал „многу добро“, пренесе Си-Ен-Ен.

По одложувањето на царините за Мексико и Канада, остануваат само новововедените тарифи за кинески стоки од 10 проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почувствуван земјотрес во Македонија
Следна Статија Роналдо: Јас сум најдобриот во историјата и точка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

САД распоредуваат воени авиони на Блискиот Исток пред евентуално вклучување во израелско-иранскиот конфликт

Соединетите Американски Држави го зголемија своето воздушно присуство во близина на Блискиот Исток пред евентуално директно вклучување во израелско-иранскиот конфликт,…

June 21, 2025
СВЕТ

Бура Дара: Силни ветрови од 113 км/ч низ Велика Британија

Британската Национална метеоролошка служба издаде предупредување за силни ветрови што ја погодија земјата по бурата Дара. Во најголемиот дел од…

December 8, 2024
СВЕТ

Кокаин пронајден во гајби со банани во Норвешка

Вработени во норвешка компанија за набавка на овошје и зеленчук наишле на пакет кокаин додека отворале пратка со банани, по…

May 5, 2025
СВЕТ

Орбан: Полјаците се до гуша во војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан присуството на руските дронови во воздушниот простор на Полска го нарече неприфатливо, но додаде дека таквиот…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?