Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цела Австрија прогласена за ризично подрачје поради појавата на птичји грип
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Цела Австрија прогласена за ризично подрачје поради појавата на птичји грип
СВЕТ

Цела Австрија прогласена за ризично подрачје поради појавата на птичји грип

Објавено November 8, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Австриското Министерство за здравство и социјална заштита ја прогласи цела Австрија за област со зголемен ризик од птичји грип, објавија локалните медиуми.

За да се спречи ширење на инфекцијата цела Австрија е прогласена за област со зголемен ризик. Одлуката за построги безбедносни мерки во живинарството ќе стапи на сила од четврток до петок на полноќ – стои во соопштението на австриското Министерство одговорно, меѓу другото, за заштита на животните.

Во образложението се наведува дека одлуката е донесена откако ризикот од ширење на инфекцијата бил оценет како „значително зголемен“ во 25 области. Пред сè, затоа што претходно на четири живинарски фарми во провинциите Долна и Горна Австрија, беше констатирана инфекција со птичји грип кај околу 200.000 птици, кои биле убиени.

За да се спречи ширењето на инфекцијата понатаму, сите компании и фарми во Австрија со повеќе од 50 животни, ќе  мора да ги чуваат во плевни. Од Одлуката за задолжително чување во плевни се изземени фармите со помалку од 50 живина. И целата живина мора да биде заштитена од контакт со диви птици, носители на инфекција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Модернизација на одбраната: АРМ ги очекува првите Страјкери 
Следна Статија Антикорупциска иницира постапка против поранешната министерка за култура за злоупотреба на буџетски средства за приватни цели

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зеленски: Најмалку 46.000 украински војници загинаа од почетокот на инвазијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека повеќе од 46.000 украински војници се убиени од почетокот на руската инвазија во февруари…

February 17, 2025
СВЕТ

Орбан предвидува: Новата влада на Доналд Трамп ќе ја прекине помошта за Украина

Новата американска администрација на Доналд Трамп ќе прекине да дава помош за Украина во нејзината борба против руската инвазија, изјави…

November 8, 2024
СВЕТ

Урсула фон дер Лајен ја „спука“ со Виктор Орбан во жестока дебата во Парламентот на ЕУ

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се судри со унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на дебатата за…

October 9, 2024
СВЕТ

Падна француската влада

Францускиот парламент денеска ѝ изгласа недоверба на владата предводена од премиерот Мишел Барние За недоверба на владата гласаа 331 пратеник,…

December 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?