Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цела Австрија прогласена за ризично подрачје поради појавата на птичји грип
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Цела Австрија прогласена за ризично подрачје поради појавата на птичји грип
СВЕТ

Цела Австрија прогласена за ризично подрачје поради појавата на птичји грип

Објавено November 8, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Австриското Министерство за здравство и социјална заштита ја прогласи цела Австрија за област со зголемен ризик од птичји грип, објавија локалните медиуми.

За да се спречи ширење на инфекцијата цела Австрија е прогласена за област со зголемен ризик. Одлуката за построги безбедносни мерки во живинарството ќе стапи на сила од четврток до петок на полноќ – стои во соопштението на австриското Министерство одговорно, меѓу другото, за заштита на животните.

Во образложението се наведува дека одлуката е донесена откако ризикот од ширење на инфекцијата бил оценет како „значително зголемен“ во 25 области. Пред сè, затоа што претходно на четири живинарски фарми во провинциите Долна и Горна Австрија, беше констатирана инфекција со птичји грип кај околу 200.000 птици, кои биле убиени.

За да се спречи ширењето на инфекцијата понатаму, сите компании и фарми во Австрија со повеќе од 50 животни, ќе  мора да ги чуваат во плевни. Од Одлуката за задолжително чување во плевни се изземени фармите со помалку од 50 живина. И целата живина мора да биде заштитена од контакт со диви птици, носители на инфекција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Модернизација на одбраната: АРМ ги очекува првите Страјкери 
Следна Статија Антикорупциска иницира постапка против поранешната министерка за култура за злоупотреба на буџетски средства за приватни цели

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кој беше Али Хамнеи – човекот кој 36 години владееше со Иран со тврда рака

Кога на 4 јуни 1989 година Собранието на експерти го избра Али Хосеини Хамнеи за Врховен лидер на Иран, многумина…

March 1, 2026
СВЕТ

Орбан до Маѓар: Ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат

Доскорешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, ја предупреди новата унгарска влада на Петер Маѓар да внимава во односите со бирократите…

May 10, 2026
СВЕТ

Трамп планира нови царини за фармацевтските производи до 200 проценти

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување на дополнителни царини од 200 отсто на увоз на фармацевтски…

July 9, 2025
СВЕТ

Како Израел го пронајде и уби лидерот на Хамас

Израелската војска повеќе од една година трага по лидерот на Хамас, кој исчезна во Газа набргу откако го организираше масакрот…

October 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?