Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цените на становите за 15 години се зголемени за над 54 отсто, но се уште се атрактивни за купување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Цените на становите за 15 години се зголемени за над 54 отсто, но се уште се атрактивни за купување
ЕКОНОМИЈА

Цените на становите за 15 години се зголемени за над 54 отсто, но се уште се атрактивни за купување

Објавено January 9, 2025 12:17
Сподели
Сподели

Цените на становите во Македонија бележат значителен раст во изминатите години, но и покрај тоа, тие сè уште се пониски во споредба со соседните земји. Оваа разлика ги привлекува странските инвеститори и нашинците кои работат во странство да купуваат недвижности токму тука.

Според Народната банка, цените на становите од 2010 година досега се зголемени за 54%. На годишно ниво, цените во третиот квартал од 2024 година се повисоки за 8% во споредба со истиот период лани. Во Скопје, просечната цена на квадратен метар е 1.680 евра, со најниски цени во Петровец (1.090 евра) и највисоки во Центар (1.898 евра).

Во Охрид, цените се приближуваат до оние во Скопје, достигнувајќи до 2.000 евра за квадратен метар. Во други градови, како Прилеп и Кичево, цените се значително пониски, додека во Велес, новоградбите достигнуваат 1.580 евра за квадратен метар.

Во Србија, просечната цена на становите во Белград е 2.160 евра за староградби и 2.453 евра за нови станови. Во региони како Нови Сад и Ниш, цените варираат од 1.275 до 1.945 евра.

Црна Гора бележи уште поголеми бројки, со станови во Тиват кои достигнуваат 10.000 евра за квадратен метар, додека во Подгорица цените во центарот надминуваат 4.000 евра.

Во Албанија, становите во Тирана почнуваат од 2.000 евра за квадратен метар, а побарувачката за недвижности на албанското крајбрежје пораснала за 20-30% во изминатата година.

Платформата centarkvadrat.mk дава совети за каматните стапки:

Поволни камати се под 3%, што на кредит од 100.000 евра за 30 години би значело месечна рата од околу 395 евра. Камати од 3-5% се умерени, додека над 5% значително го зголемуваат долгот.
И покрај растот на цените, Македонија останува атрактивна локација за инвеститори, благодарение на релативно ниските цени на недвижности во споредба со соседните земји.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари: Нема лекарска грешка во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника
Следна Статија Џејмс Вудс заплака откако го загуби домот во пожар: „Еден ден пливате во базенот, а следниот ден сето тоа го нема“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонија се задолжи милијарда евра преку нова еврообврзница

Министерството за финасии на Република Македонија ја реализираше аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница од 1 милијарда евра. Министерството одлучи…

January 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ворен Бафет отсекогаш следел неколку принципи при создавањето на богатството вредно 133 милијарди долари

Кога станува збор за мудро финансирање, финансискиот свет секогаш се потпира на еден човек - Ворен Бафет (95). Што го…

September 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Историско ниво, највисоки директни инвестиции од 1.255 милијарди за 2025 година

Народната банка на Македонија ги објави податоци за странските директни инвестиции за 2024 година. Од она што може да се…

February 28, 2025
БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија

Овој трошок за граѓаните на Србија, но и за државјаните на останатите членки на ЦЕФТА договорот, треба да се укине,…

September 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?