Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Цитроенот” ми беше сомнителен, возеше 10 км на час, многу димеше и стаклата му беа замаглени, сведочеше Траковски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > „Цитроенот” ми беше сомнителен, возеше 10 км на час, многу димеше и стаклата му беа замаглени, сведочеше Траковски
ХРОНИКА

„Цитроенот” ми беше сомнителен, возеше 10 км на час, многу димеше и стаклата му беа замаглени, сведочеше Траковски

Објавено February 7, 2025 14:53
Сподели
Сподели

Во Основниот Кривичен суд Скопје, денеска, продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со сведочење на Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, помагал во потрагата по неа прибавувајќи видео снимки.

-Со Александар се немав слушнато 15-20 години. Мајка ми ми напиша порака околу еден саат дека исчезната е Вања, ќерка на Саше и ми рече имаш луѓе помогни му и ми беше глупо да му се јавам ко да фаќам сеир. Потоа околу 6:30 – 7 часот пак ме побара мајка ми, ми рече да го побарам. Му напишав Саше здраво, Гоце на Кираца е синот ако ти треба помош побарај ме. Ми врати околу 10 часот ми рече во полициска станица сме со Зорица давам изјава и дека кога ќе излезат ќе ме побара, рече Трајковски.

Истиот ден, додаде, не се видовме туку зборевме само по телефон. Другиот ден, Трајковски рече дека таткото Александар го побарал да се видат. На прашање што разговарале кога се виделе Трајковски рече дека го прашувал дали Вања била заљубена, дали имала дечко.

-Го прашував дали имала дечко, дали била заљубена ми рече не, го прашав да не имала некои други проблеми ми рече немала и досега немале вакви проблеми никогаш. Првпат се видовме пред зграда кај Александар од кај што е земено девојчето. Ми рече дека било исчезнато и никогаш не се случило вака да ја нема го прашав да не има дечко вика не, немала никогаш вакви проблеми и сѐ што имала сѐ ми кажувала, рече Трајковски.

Според сведокот Трајковски, патеката по која се движела Вања му ја покажал таткото Александар Ѓорчевски, кој заедно со мајката Зорица Ѓорчевска со „GPRS“ уред го следеле движењето на Вања. Трајковски заедно со таткото одел по истиот пат и барал снимки од околните објекти.

-Прво што го прашав по која патека иде накај школо, ми покажа на апликација точно кај се движела Вања. Отидовме одма и барав камери во сите објекти. Прво баравме од самиот влез, потоа има продавница за душеци и не известија дека камерите не работат подолго време. После тоа отидовме од влезот лево има фризерница има камери и фаќа. Газдарицата ни ги даде камерите од нејзиниот телефон и ни даде да гледаме снимки од моментот, рече Трајковски.

Сведокот додаде дека заедно ги прегледувале снимките од фризерницата во времето од 7:10 часот утрото до 7:30 часот.

-Прво што видовме од фризерницата во близина на зградата на Вања, гледавме снимките од 7:10 до 7:30 часот, а Вања излегла околу 7:20 и се чудевме зошто  „GPRS“ покажува дека се движела тука, а Вања ја нема. Прашав дали каснат камерите, ми рече дека пет минути каснат. Му реков на Саше да ѝ се јави на Зорица да ја праша. Во 7:35 излегла Зорица од дома. На усб ни ги снимија снимките. Се чудевме како Вања ја нема, а поминала тука, рече Трајковски.

Додаде дека на снимките се гледа како Зорица испаничена излегува по истата улица и мобилниот го става во задниот џеб. На прашање од каде им дошла идејата за сами да ги бараат снимките Трајковски рече „полицајците биле собрани и ништо не работеле биле собрани како да играат жмурка“.

-На снимките се гледа како Зорица испаничена излегува по истата улица и мобилниот го ставаше во заден џеб. Отидов одма кај пријатели од Чардак кафаната да не има по „Боемска“ отидено, потоа се јавив кај другар во ,сејв сити’ што работи да провери да не има отидено во парк да направи глупост некаква. Од ,сејв сити’ ми се јави другарот и рече дека не оди на „Илинденска“ накај Влада, ниту накај парк, ниту накај Град Скопје, рече Трајковски.

Потоа сведокот рече дека бил во менувачница во Дебар Маало, за да побара снимки, а таму веќе имало и полицајци. На снимките виделе девојче, за кое рече, 95 отсто било облечено како Вања, но мајката му кажала дека се разликува ранецот. Сведокот посочи дека Александар го повикал во станот да гледаат снимки, зошто бил уморен и му требало помош.

Од анализите на снимките и колите кои поминуваа мене ми падна чудно што сите возила возеа со 40-50 километри на час, кога помина „цитроенот“ возеше со 10 километри на час и многу димеше ауспухот и стаклата му беа замаглени. Направив скриншот од 15-те возила и 3-4 лица кои поминуваа и ги препратив сите кај другарот од ,сејв сити’, после отидов кај „Правда“ кафичот да барам други камери. Од кога му ги пратив скриншотовите ми се јави другарот од ,сејв сити’ ми вика кај ја најде колава ја бараме три дена од исчезнат велешанец. Ги препратив сите возила кои поминуваат од 7:20 до 7 :35 часот. Му реков на таткото да отиде до менувачницата, затоа што имаат добра резолуција, рече Трајковски.

На прашање како заклучиле дека Цитроенот е сомнително возило, Трајковски рече дека и според снимките кои ги прибавил таткото Александар од централата на Лукоил, се гледа како Цитроенот вози во третата лента и одеднаш закочува, се враќа риверкц и се префрла во прва и втора лента за да се измеша со другите коли.

Додаде дека сомнително му било уште едно големо комбе и пикапот „рено кангу”. Кога комбето скршнало на друга страна, во фокусот им останале „цитроенот” и „реното кангу”, бидејќи возеле во иста насока и во близина.

На прашањето дали Александар бил грижлив татко, тој посочи дека мајката Зорица му пишала дека не му се верува што и кажала полицијата за вмешаноста на таткото.

-Ми рече дека е многу грижлив татко и дека штом ќе кивнела ја носел на доктор. Пред некој ден ги носел Вања и сестра му, заесно со другарки, во трговски, и ги чекал надвор во автомобилот, рече сведокот.

Трајковски при сведочењето кажа дека имал закани од членови на партијата Десна, „да внимава што ќе зборува за да не пропадне во бунар“.

Трајковски е последен сведок на предлог на Обвинителството. Тој требаше да сведочи на почетокот од постапката, кога беа сослушани и другите сведоци, меѓутоа, поради здравствени причини тоа не се случи, а потоа не беше достапен на органите на прогон поради друго кривично дело. На 23 јануари 2025 година се предаде на полицијата и оттогаш е во притвор.

На претходното рочиште Обвинителството презентираше видео материјали на кои беше воочено движењето на возилата со кои била грабната Вања.

За случајот се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски кои се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Попов: Не можам да го сменам минатото, но можам да ја обликувам иднината, затоа се залагам за транспарентност и вистинска правда
Следна Статија Ништо нема за џабе: Aнџелина Џоли за 20 милиони долари плачела за Украина, Бен Стилер за 4 се сретнал со Зеленски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ја нападнал сопругата, а полицијата дома му пронашла цел арсенал на оружје

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Р. (29) од Скопје, поради постоење…

June 10, 2025
ХРОНИКА

ОЈО бара притвор за 44-годишен маж кој украл 10 илјади евра од менувачница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело…

March 24, 2025
ХРОНИКА

Ужас: 70-годишник повеќе пати силувал 13-годишно дете

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.С.(70) од oпштина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување…

October 18, 2024
ХРОНИКА

Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, за МИА потврди дека има лице од институцијата поврзано со случајот „Државна…

December 26, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?