Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цветановски: Одговорно тврдам дека не постојат основи за дисциплинска постапка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Цветановски: Одговорно тврдам дека не постојат основи за дисциплинска постапка
МАКЕДОНИЈА

Цветановски: Одговорно тврдам дека не постојат основи за дисциплинска постапка

Објавено December 3, 2024 21:23
Сподели
Сподели

Против доскорашниот шеф на Вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи и вишиот обвинител Јован Цветановски ќе биде поведена дисциплинска постапка поради наводно утврдено нестручно и несовесно работење, што го покажала ревизијата кое републичкото јавно обвинителство ја изврши врз Вишото обвинителство. Ваквата одлука наводно била донесена поради 4 предмети во кои се откажал од жалба или обвинение. Предлог за поведување дисциплинска постапка е поднесен и против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје пред кого била реферирана и со чија согласност била донесена одлука во три од наведените предмети, како и поради констатираните неправилности во начинот на заведување на предметите во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Обвинителот Цветановски информацијата за иницирањето на дисциплинката постапка ја дознал од медиумите. Извештајот од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство Скопје никогаш не бил доставен до него, ниту му била оставена законската можност за дополнително објаснување.

-Не знам ни за кои 4 предмети станува збор. Можам само да претпоставам. Извештајот никогаш не стигна до мене, ниту имав можност за дополнително објаснување. Ова е целосно незаконска постапка. Прво не е испочитуван рокот од 30 дена, во рамките на кој требаше да ни биде доставен извештајот по однос на надзорот за да можеме ние да одговориме на нивните забелешки. Ускратено ми е законското право да одговорам на наводите од извештајот. Незаконски е и составот на целата комисија, има судир на интереси. Одговорно тврдам дека не постојат основи за дисциплинска постапка – коментира Цветановски.

Тој смета дека согледувајќи како се одвиваат работите, „држи“ муабетот од вишиот јавен обвинител Хајрулахи дека целта на сето ова е да се направи притисок за случајот за бонусите на СЈО, предмет кој се наоѓа кај него.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Хаос во Јужна Кореја: Претседателот најави укинување на вонредната состојба
Следна Статија „Изиџет“ од пролет воведува линија од Скопје до аеродромот „Орли“ во Париз

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јовева: ЕК треба јасно и гласно да каже дека Македонија има напредок, не е фер да се става во ист кош со Србија и БиХ

Мислам дека не е фер Македонија да се става во истиот кош со Србија и Босна и Херцеговина, кога станува…

November 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мехмедовиќ: Ниту една држава во светот не може да биде подготвена за таква трагедија како во Кочани

Ниту една држава во светот, ниту еден здравствен систем не може да биде подготвен за таква трагедија како што беше…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР го објави регистарот на напади врз новинари

Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница постави линк до регистарот на напади врз новинари кој води до страницата на…

October 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?