Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Турција нападна цели на курдските милитанти во Ирак и Сирија откако ги обвини за вчерашниот напад кај Анкара
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Турција нападна цели на курдските милитанти во Ирак и Сирија откако ги обвини за вчерашниот напад кај Анкара
СВЕТ

Турција нападна цели на курдските милитанти во Ирак и Сирија откако ги обвини за вчерашниот напад кај Анкара

Објавено October 24, 2024 09:40
Сподели
Сподели

По терористичкиот напад во Анкара, Турција со проектили гаѓаше локации поврзани со курдската милитантна група Курдистанска работничка партија (ПКК) во северен Ирак и северна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана.

Извршена е воздушна операција против терористички цели на северот на Ирак и Сирија, а успешно се уништени вкупно 32 терористички цели“, се наведува во соопштението на Министерството, во кое се додава дека операциите продолжуваат.

Извршителите на нападот во Анкара најверојатно се членови на ПКК, забранета во Турција, изјави претходно министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

– Објектите на Турската воздухопловна индустрија (ТАИ) во Анкара беа цел на терористички напад во средата, при што загинаа петмина, а беа ранети 22 лица. Двајцата терористи кои го извршија нападот, од кои едната жена, се елиминирани, рече Јерликаја.

ПКК веќе неколку децении се бори против турските власти, а САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација.

ТУСАС е најголемиот турски производител на авиони и хеликоптери, вклучувајќи го и првиот турски борбен авион КААН. Сопственици се Владата и Фондацијата на турските вооружени сили, а во неа работат повеќе од 10.000 луѓе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Камала го нарече Трамп фашист
Следна Статија НАМАЛЕНИ И ДО 75%: Од денес стапуваат на сила новите цени на услугите во Агенцијата за катастар на недвижности

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Цела Австрија прогласена за ризично подрачје поради појавата на птичји грип

Австриското Министерство за здравство и социјална заштита ја прогласи цела Австрија за област со зголемен ризик од птичји грип, објавија…

November 8, 2024
СВЕТ

Пазарите очекуваат „нафтен шок“ од американско-израелскиот напад врз Иран штом берзите се отворат во понеделник

Израел и САД рано утрово започнаа напад врз Иран, за кој американскиот претседател Доналд Трамп вели дека е дел од…

February 28, 2026
СВЕТ

(ВИДЕО) Се прошири обвинението против Диди, судот призна нови случаи на силувања

Вчера се одржа ново рочиште за случајот против контроверзниот рапер Диди, со вистинско име Шон Комбс, кој моментално е во…

January 31, 2025
СВЕТ

Трамп денеска ќе разговара со Зеленски

Белата куќа потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп планира денеска да одржи онлајн состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски и…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?