Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Турција ѝ нуди помош на Европа, 10 милијарди кубни метри гас годишно преку балканскиот гасовод
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Турција ѝ нуди помош на Европа, 10 милијарди кубни метри гас годишно преку балканскиот гасовод
СВЕТ

Турција ѝ нуди помош на Европа, 10 милијарди кубни метри гас годишно преку балканскиот гасовод

Објавено January 5, 2025 15:00
Сподели
Сподели

Турскиот министер за енергетика, Алпарслан Бајрактар, изјави дека Турција е подготвена да и испорачува на Европа до 10 милијарди кубни метри природен гас годишно преку балканскиот гасовод, но само доколку европските земји покажат политичка волја и вложат во потребните инфраструктурни врски.

„Турција е подготвена да придонесе повеќе за енергетската безбедност на Европа. Доколку Европа покаже политичка волја и посветеност, и се направат дополнителни инвестиции во меѓусебните врски, ќе можеме да извезуваме до 10 милијарди кубни метри гас годишно во Централна и Источна Европа преку балканскиот гасовод“, истакна Бајрактар во интервју за јапонското економско издание „Никеи“.

Изјавата на турскиот министер доаѓа по прекинот на транзитот на рускиот гас преку Украина, кој беше значаен дел од снабдувањето на Европа.

Транзитниот договор меѓу Русија и Украина истече на 1 јануари годинава, а Киев одби да преговара за продолжување на договорот поради тековната воена агресија на Русија врз Украина. Ова предизвика сериозни прашања за идното снабдување со природен гас во Европа и можноста Турција да стане клучен играч во енергетската стабилност на регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во овие земји е најдобро за инвестирање во недвижнини
Следна Статија Македонка се грижи за денталното здравје на жителите на Шетланд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Санчез: Сè уште неможе дефинитивно да се потврди што го предизвикало прекинот на електричната енергија на Иберискиот Полуостров

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека во оваа фаза властите немаат информации врз основа на кои можат да извлечат заклучок…

April 28, 2025
СВЕТ

Иранска агенција: Нападната е американската база во Сирија

Американска воена база во Сирија била цел на минофрлачки напад, јавува иранската агенција Мехр, повикувајќи се на повеќе извори. Агенцијата…

June 23, 2025
СВЕТ

Нетанјаху нареди напади врз Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската веднаш да изврши напади во Газа. Ова доаѓа откако израелските власти објавија…

October 28, 2025
СВЕТ

Трамп: Путин целосно полуде, нападите врз Украина ќе ја уништат Русија

Претседателот на САД Доналд Трамп го оквалификува својот руски колега Владимир Путин како „апсолутно ЛУД“. Во објава на социјалната мрежа…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?