Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен човекот кој со метална шипка по глава претепа куче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсен човекот кој со метална шипка по глава претепа куче
ХРОНИКА

Уапсен човекот кој со метална шипка по глава претепа куче

Објавено November 21, 2024 17:41
Сподели
Сподели

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.К.(61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од граѓанин на 19.11.2024 во 09 часот дека во Момин Поток-индустриска зона Љ.К. со тврд предмет нападнал куче и му нанел повреди.

МВР денеска соопшти дека со Љ.К. е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од Казнениот законик.

За случајот се алармираше на социјалните медиуми, каде и беше објавено видеото на кое се гледа измачувањето на младото куче, кое во моментов е во ЈП „Лајка“.

Од таму информираат дека по два дена го виделе првиот знак на подобрување на состојбата.

Посилен од 20 удари со метална шипка, срце на јунак и покрај монструозното насилство кое го доживеа Феликс денес се гали, се радува на човечки допир и ни верува дека сме тука за да му помогнеме. Се надеваме дека полека излегуваме од критичната фаза, иако постојано е под терапии заради оток на главата, потрес на мозок и неконтролирано мокрење.Важно е дека е свесен и респонзивен!, велат од „Лајка“.

Вознемирувачките видеа може да се погледат во коментарите од нивниот претходен пост:

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Комитет за финансиска стабилност: Финансиската стабилност е задржана
Следна Статија Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Буџетот на М-НАВ оштетен за речиси 1,5 милиони денари: Кривична за екс директорот и раководителка на одделение за јавни набавки

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави за поранешен Извршен директор во М-НАВ АД Скопје…

May 26, 2025
ХРОНИКА

МВР со детали за кривичната пријава против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани

Поради постоење основи на сомнение дека во периодот од 14.03.2025 до 16.03.2025 на територија на СВР Штип сториле кривично дело…

June 13, 2025
ХРОНИКА

Судењето на возачот обвинет за прегазувањето на Фросина Кулакова започнува в петок

Судењето против Васил Јованов, возачот кој според обвинението на пешачки премин ја прегази Фросина Кулакова започнува в петок во Основен…

May 6, 2025
ХРОНИКА

„Од тато не барај пари, тој не нè сака, мама душата ќе ја даде“ му рекла Вања на Палчо

Обвинителката Жаклина Јосифовска на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски го читаше исказот на обвинетиот Велибор…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?