Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен човекот кој со метална шипка по глава претепа куче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсен човекот кој со метална шипка по глава претепа куче
ХРОНИКА

Уапсен човекот кој со метална шипка по глава претепа куче

Објавено November 21, 2024 17:41
Сподели
Сподели

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.К.(61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од граѓанин на 19.11.2024 во 09 часот дека во Момин Поток-индустриска зона Љ.К. со тврд предмет нападнал куче и му нанел повреди.

МВР денеска соопшти дека со Љ.К. е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од Казнениот законик.

За случајот се алармираше на социјалните медиуми, каде и беше објавено видеото на кое се гледа измачувањето на младото куче, кое во моментов е во ЈП „Лајка“.

Од таму информираат дека по два дена го виделе првиот знак на подобрување на состојбата.

Посилен од 20 удари со метална шипка, срце на јунак и покрај монструозното насилство кое го доживеа Феликс денес се гали, се радува на човечки допир и ни верува дека сме тука за да му помогнеме. Се надеваме дека полека излегуваме од критичната фаза, иако постојано е под терапии заради оток на главата, потрес на мозок и неконтролирано мокрење.Важно е дека е свесен и респонзивен!, велат од „Лајка“.

Вознемирувачките видеа може да се погледат во коментарите од нивниот претходен пост:

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Комитет за финансиска стабилност: Финансиската стабилност е задржана
Следна Статија Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Предложен притвор за лицето кое со секира го уби својот татко во кичевско

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123…

May 12, 2025
ХРОНИКА

Струмичани украле 160 вреќи компир од камион сопственост на жител од тетовско

Полицијата сомничи четири лица од Струмица дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември од паркиран камион „мерцедес“ со тетовски регистарски…

November 30, 2025
ХРОНИКА

Му се суди на судијата со парите во ѕид

Почнна судењето против судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд Скопје, откако во домот на неговите родители во Неготино беа пронајдени…

May 28, 2026
ХРОНИКА

Поевтино е и поквалитетно: Повторно фатен шверц на македонско гориво за Албанија

Полиција на граничниот премин „Ќафасан“ на албанско – македонската граница, кај Струга, откри 1,8 тони нафта шверцувана од Македонија, соопшти…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?