Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен еден од осомничените за синоќешното убиство во Арачиново
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсен еден од осомничените за синоќешното убиство во Арачиново
ХРОНИКА

Уапсен еден од осомничените за синоќешното убиство во Арачиново

Објавено November 2, 2024 18:10
Сподели
Сподели

По синоќешнота престрелка во скопско Арачиново, каде беше усмртен 50-годишниот С.А., а повреден е неговиот 19-годишен син А.А., од МВР потврдуваат дека едниот од осомничените во овој случај е приведен, а другиот е во бегство. Во меѓувреме, состојбата на повредениот 19-годишен А.А., кој синоќа околу 19 часот бил донесен клиниките во Скопје, според лекарите е стабилна, но и понатаму останува на одделот за интензивна нега.

„Синоќа во доцните часови примивме 19-годишно момче со прострелни рани, влез-излез, претпоставувам куршум од мал калибар. Повредите се главно во десната страна на градниот кош. Во текот на ноќта имавме хируршка интервенција при што беше отстранет дел од оштетениот бел дроб. Пациентот е донесен во состојба на шок и по интервенцијата е стабилизиран и во моментот се уште е на одделот за интензивна нега, додека според сите параметри е во стабилна состојба и верувам дека во рок од еден ден ќе биде префрлен на одделението на нашата клиника“, рече Неџади Јакупи – дежурен Хирург.

Според соопштението на МВР, таткото кој починал и неговиот син кој бил повреден биле застрелани со огнено оружје во село Арачиново од страна на две лица кои биле во автомобил од типот „Ауди“.

Мотивот за синоќешното убиство и ранувањево Арачиново останува нејасен, но неофицијално станува збор за неплатени долгови. Инцидентот се случил сред село, во близина на куќата на сега починатиот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прва исповед на таткото на загинатите девојчиња Сара и Тина во Нови Сад: Немам зборови да ја опишам оваа тага и болка
Следна Статија Бебе старо осум дена починало на Детската клиника

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Македонец загина во Бугарија – автомобил удрил во гости во ресторан

Ноќеска околу 01:36 часот, на бројот 112 е примена дојава за трагичен инцидент на улицата Гранчарска во Разград, Бугарија. Полицијата…

July 6, 2025
ХРОНИКА

Два месеца е исчезнат Миле Тодоров, неговите блиски со апел

Да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров, млад жител на Неготино, кој исчезна пред точно два месеца, бараат…

March 30, 2025
ХРОНИКА

Полицаец силувал и сексуално злоставувал малолетно момче во Велес

Полициски службеник е осомничен за кривично дело „Полов напад и силување“ извршено врз малолетник во Велес. Полицаецот вчера бил приведен,…

March 14, 2026
ХРОНИКА

Маж пронајден починат во Ѓорче Петров

На 22.01.2026 во 08:37 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје…

January 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?