Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП: Од извршени 696 контроли, нерегуларности кај 140 даночни обврзници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП: Од извршени 696 контроли, нерегуларности кај 140 даночни обврзници
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Од извршени 696 контроли, нерегуларности кај 140 даночни обврзници

Објавено January 13, 2025 17:00
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи, ја информира јавноста дека во тек на месец декември 2024 година, согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања спроведе контроли кај 696 објекти.

Од вкупно извршените контроли кај 512 даночни обврзници не се утврдени неправилности а кај 140 даночни обврзници се утврдени неправилности за кои се изречени соодветни поднесоци :

Изречени се 80 глоби за сторен прекршок неиздавање фискални сметки за извршениот промет на добра;
29 глоби за неводење книга за дневни финансиски извештаи;
16 глоби за незакупени и нерегистрирани резервни фискални апарати;
8 глоби за прекршок за некоористење на одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања;
1 глоба за неиздавање парагон – блок за извршениот промет на добра, односно на услуга;
2 глоби за тоа што не прикажувале промет од македонски производи;
2 глоби за неистакнување на видно место соопштение со кое го информира купувачот на добро, односно корисникот на услуга за неговата обврска да бара фискална сметка;
2 глоби за тоа што не ги чувале и одржувале фискалните апарати во исправна состојба.
Воедно, УЈП ја информира јавноста дека кај 13 физички лица констатирано е вршење на нерегистрирана дејност и за нив се преземени понатамошни постапки. При контролите 31 деловен објект бил затворен/или објектите не биле најдени на наведената адреса/не вршеле дејност во моментот на вршење на контролата.

Апелираме до сите даночни обврзници да ја почитуваат и да работат во согласност со законската регулатива. Даночната усогласеност не е само законска обврска, туку и основа за создавање на фер и праведен деловен амбиент кој ги поттикнува растот и развојот на економијата, велат од УЈП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Мицкоски на Вевчански карневал- Традиција стара неколку века
Следна Статија Контролор во ЈСП претепан од лице кое немало билет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Средби со Светската банка: Мерките на Народната банка во насока на зајакнување на отпорноста на банкарскиот систем

Макропрудентната политика на Народната банка придонесе за дополнително зајакнување на отпорноста на банкарскиот сектор во изминатите неколку години на постојани…

October 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Нови експресни патишта за подобро регионално поврзување

Владата планира изградба на нови експресни патишта со цел поквалитетно регионално поврзување – најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар…

February 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Деглобализацијата може неповолно да се одрази и на родовата еднаквост

„Истражувања покажуваат дека растот на глобализацијата позитивно се одрази на стапката на активност на жените, односно земјите со поголема трговска…

April 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Седницата, според веб страницата на…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?