Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП: Се наближува рокот за поднесување барање за признавање расход во даночниот биланс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП: Се наближува рокот за поднесување барање за признавање расход во даночниот биланс
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Се наближува рокот за поднесување барање за признавање расход во даночниот биланс

Објавено January 22, 2025 16:42
Сподели
Сподели

Даночните обврзници на данокот на добивка и вршители на дејност кои водат деловни книги, доколку во текот на 2024 година имаат средства кои понатаму не можат да се користат, односно се трајно надвор од употреба, а кои имаат нето сметководствена вредност, најдоцна до 31 јануари 2025 година до УЈП можат да поднесат:

Барање согласност за признавање на расход во даночен биланс за данок на добивка (образец “ДД-БС”) eлектронски преку преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/
Барање согласност за признавање на расход од работењето на даночниот обврзник во даночен биланс за данок на доход (образец “ДЛД-БС”) електронски преку https://e-ujp.ujp.gov.mk

Под средства што се трајно надвор од употреба се сметаат:

средствата што се уништени или оштетени поради виша сила како и од други непредвидливи настани, физичка дотраеност или техничка застареност; средствата што повеќе од една година непрекинато не ги користите, а нивното ставање надвор од употреба не е поради поправка или доградба; средствата што се во фаза на набавка, а чија набавка, со одлука или со друг акт е откажана или три години едноподруго не се вложуваат средства за довршување на таа набавка, и средствата што во последните пет години непрекинато ги користите помалку од 30% од нивниот програмиран капацитет. Барањето ДД-БС и ДЛД-БС се поднесува со цел преостанатата сметководствена вредност на средствата да се амортизира во целина независно од пропишаниот век на траење и таквата амортизација во целина да влезе како признат расход при утврдување на даночната основа за данокот на добивка односно данок на личен доход.

Во прилог на барањето ДД-БС задолжително се поднесува:

Список на средства кои не можат понатаму да се користат
Во списокот треба да се содржани следните податоци: назив на средството кое се отпишува, инвентарен број, амортизациона група и подгрупа на која средството припаѓа, набавна вредност, исправка на вредност и сегашна вредност на средствата што се отпишуваат со состојба на 31 декември 2024 година.
Акт со кој се уредува начинот на пресметување на амортизацијата
Одлука за усвојување на извештајот за попис и евидентирање на утврдените разлики, донесена од органот на управување на друштвото односно од обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност
Изјава дека средствата не можат понатаму да се користат во која се наведува причината поради која истите не може да се користат.
За дополнителни информации или поддршка во врска со барањето ДД-БС и ДЛД-БС, може да се обратите до Контакт центарот на УЈП на:

е-пошта: info@ujp.gov.mk

Од фиксна линија: 0800 33 000

од мобилен и фиксен 02 3253 200

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жена силувана во кривопаланечко село
Следна Статија Точно е дека косата ми е падната, се надевам поединци се среќни, порача Боки 13

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Азески на гости кај Јанчев во Кавадарци

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и советникот на претседателот на Комората за економски развој и инфраструктура, д-р…

November 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Македонија гради енергетска иднина за сите

Македонија е подготвена за нов енергетски модел – праведен, транспарентен и социјално одговорен. Тоа беше пораката на денешниот настан на…

June 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Англиска експертиза ќе добива македонската железница

Владата на денешната 114. редовна седница ја разгледа и усвои информацијата за склучување на договор за соработка помеѓу Јавното претпријатие…

September 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

БДП со стапка на раст од 3,2 проценти во четвртиот квартал лани

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во државава во четвриот квартал лани е 3,2 проценти, објави денеска Државниот завод…

March 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?